Спорт
Надал му честиташе на Ѓоковиќ: Ова беше сон до пред неколку години, а ти успеа!

Новак Ѓоковиќ од денеска е најдобар тенисер во историјата според бројот на освоени титули на гренслем турнирите. Србинот го победи Каспер Руд со 3:0 во сетови во финалето на Ролан Гарос и стигна до 23. гренслем – трофеј.
Меѓу првите му честиташе големиот ривал Рафаел Надал, кој остана на 22 освоени пехари од гренслем серијата.
„Честитки за неверојатното достигнување Новак. 23 е бројка за која пред само неколку години не можевме ни да замислиме, а ти тоа успеа да го оствариш. Уживај во успехот со твоето семејство и со тимот“, напиша Надал на Твитер.
Many congrats on this amazing achievement @DjokerNole
23 is a number that just a few years back was imposible to think about, and you made it!
Enjoy it with your family and team! 👏🏻— Rafa Nadal (@RafaelNadal) June 11, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Але официјално се врати во Утрехт

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Себастијан Але, ја напушти Борусија Дортмунд и денес потпиша договор со холандскиот клуб Утрехт.
Кратко по пристигнувањето во Борусија во 2022 година, за време на тренинг му беше дијагностициран тумор на тестисите, што бараше две операции и хемотерапија. Тој се врати на теренот по само шест месеци.
Во сезоната 2022/23, Але постигна девет гола во Бундеслигата. Минатата сезона беше позајмен во шпанскиот Леганес, а потоа во Утрехт, каде што постигна шест гола на 18 натпревари и му помогна на тимот да заврши четврти во Ередивизие и да се квалификува за Лигата на Европа.
Але сега се враќа во познато окружување, каде што ја започна својата кариера пред десет години, и потпиша нов договор со Утрехт.
Утрехт е на седмото место на табелата во холандското првенство со три бода.
Foto/ EPA
Спорт
Пеко полека го губи трпението со Дукати

Италијанскиот возач на Дукати во шампионатот на Мото ГП, Франческо Бањаја, испрати порака до лидерите на својот тим дека полека го „губи трпението“.
Франческо Бањаја е двократен светски шампион во Мото ГП и прв возач по Кејси Стонер кој му го донесе шампионскиот трофеј на „црвениот“ италијански тим.
Оваа сезона, Пеко вози многу послабо отколку во претходните години, додека неговиот тимски колега, Марк Маркез назапирливо ита кон шампионската титула во Мото ГП.
Бањаја стартуваше од третата позиција во Австрија и заврши на скромната осма позиција, додека Маркез стартуваше од четвртото место и победи во Шпилберг.
Франческо верува дека проблемот не е во него и неговото возење и му порача на Дукати:
„Сè што се случува цела година се случи на трката во недела. Се борам и давам се од себе, но овој пат тоа значеше позиција број осум. Победникот на трката победи со време со кое победив јас минатата година. Имам тој потенцијал. Не знам зошто ништо не ми функционира. Марко Бецеки и Марк Маркез прават сè подобро од мене. Доцнев 12 секунди на патека каде што секогаш правев разлика и не го разбирам тоа, навистина не го разбирам. Се обидував но сите ме заобиколуваа во кривините. Дукати мора да ми го објасни тоа, но ми снемува трпение“, рече искрениот Франческо Бањаја.
Спорт
„Новак е најголемиот спортист во историјата“

Трикратниот вицешампион на Гренд слем турнирите, Каспер Руд е убеден дека Новак Ѓоковиќ е најголемиот… не тенисер, туку и спортист на сите времиња.
Руд и Ѓоковиќ се сретнаа во финалето на Ролан Гарос, кога Новак победи во три сета, а вкупниот резултат меѓу нив е 5-1.
„Новак е најголемиот спортист во историјата. Не сакам да споредувам спортови, бидејќи е глупаво, но ако го споредите Новак со Том Брејди, на пример… Брејди е Г.О.А.Т, да не ме разберете погрешно, но атлетски, Новак би го скршил на повеќето физички тестови…“ вели Руд, сега 12-ти на АТП листата, и додава:
„Добро, Леброн можеби ќе го „растури“ Новак во некои физички аспекти, но за мене, Новак е најголемиот спортист што некогаш живеел.“
Ѓоковиќ и Руд наскоро ќе се сретнат во Њујорк, каде што ќе се игра последниот Гренд слем во сезоната од 24 август.
Ждрепката е закажана за четврток.