Спорт
Муслиу: Фокусирани сме на мечот со Украина и само победа би бил позитивен исход за нас

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за двата квалификациски натпревари за ЕВРО 2024 против селекциите на Украина и на Англија. Украинците ќе бидат гости во Скопје на 16 јуни, а три дена подоцна Македонија ќе гостува против Англија, на „Олд Трафорд“ во Манчестер.
Одбранбениот фудбалер Висар Мислиу вели дека засега во мислите на фудбалерите е првиот натпревар против Украина во Скопје.
„Добро е чувството и посебно чувство кога ја претставуваш својата земја. Верувам дека сите фудбалери кои се тука се благодарни и среќни што се дел од репрезентативниот тим. Нормално, атмосферата е позитивна, но тоа мора да го потврдиме на теренот против Украина. Всушност, Украина е нашиот главен конкурент, па прво треба да размислуваме за натпреварот против нив, каде само победата е позитивен резултат за нас. Потоа ќе размислуваме за гостувањето против Англија“, изјави Висар Муслиу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија.
Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година.
Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Едерсон сака да го напушти Манчестер сити

Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил.
Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите.
Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот голман сака трансфер и е подготвен веднаш да ги заврши лекарските прегледи, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Едерсон е во клубот од Манчестер во последните осум години. Тој има 372 настапи,, со клубот освоил 18 трофеи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.