Европа
„Сестра ми е мртва“: драма во Франција, сосед застрелал семејство и убил 11-годишно дете

11-годишно девојче е убиено во градината на својата куќа во Сен Ербо, село во близина на градот Кимпер во Бретања, Франција.
Полицијата уапси 71-годишен холандски државјанин под сомнение за убиство. Наводно, во притвор е и неговата сопруга.
Како што е соопштено, таткото на девојчето е во критична состојба, а мајка ѝ има полесни повреди, кои не се опасни за животот. Нејзината осумгодишна сестра успеала да побегне неповредена и ја алармирала населбата, која повикала полиција. Девојчето сè уште е во шок.
„Скај њуз“ објави дека семејството уживало на скара во градината пред да се случи нападот.
„Слушнавме тропање и мислевме дека децата си играат. Меѓутоа, детето втрчало во куќата на соседот и почнало да вика: „Сестра ми е мртва, сестра ми е мртва“, рекол соседот.
Според информациите од Обвинителството, пензионерот „одеднаш излегол вооружен и неколкупати пукал во жртвите“.
„Полицијата заедно со преговарачот ги убедила соседот и неговата сопруга да се предадат по што биле уапсени“, изјавила обвинителката Карин Хејли.
Причината за конфликтот сè уште не е позната, се претпоставува дека се скарале за парцела што била до имотите на соседите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Обилен снег паѓа во Анкара

И покрај тоа што е речиси половина од април, месецот кој повеќето го поврзуваат со пролетта, утрово во турската престолнина паѓа обилен снег.
It snows in Ankara in mid-April pic.twitter.com/W25pICcR5r
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) April 11, 2025
Турскиот новинар Рагип Сојлу објави видео од Анкара со натпис: „Во Анкара врне снег во средината на април“.
Метеоролозите вчера предупредија на обилни врнежи и бурни ветрови.
Гувернерот на Анкара, Васип Шахин, вчера најави дека сите образовни институции во турската престолнина денеска ќе бидат затворени поради неочекуваните временски услови.
Yapılan son meteorolojik değerlendirmelere göre; İlimizde yarın (Cuma) ilk saatlerden itibaren başlayacak kar yağışının öğle saatlerine kadar etkili olması, yer yer 15 cm’ye kadar kar örtüsü bırakması ve ayrıca kuvvetli rüzgar ve fırtına (40 ilâ 60 km/h ) beklendiğinden,…
— Vasip Şahin (@vasipsahin) April 10, 2025
Според неговата објава на социјалните мрежи, прогнозите покажуваат дека снегот ќе почне да паѓа во раните утрински часови и ќе продолжи до пладне, со можни акумулации и до 15 сантиметри во некои делови од градот. Најавени се и удари на ветер од 40 до 60 километри на час.
Европа
Русија го нападна Киев, Украинците јавуваат за 12 повредени

Русија изврши напади со беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев и Миколаев на југот на земјата во текот на ноќта, при што беа повредени најмалку 12 лица, соопштија властите.
Две жени се повредени во главниот град, каде што дроновите предизвикаа пожар во магацин и оштетија станбени згради, соопшти градската воена управа на Киев.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 85 од 145 беспилотни летала лансирани од Русија во нејзиниот напад во текот на ноќта. Се додава дека 49 други не успеале да ги постигнат своите цели, најверојатно, поради контрамерки од електронско војување.
Воздухопловните сили не разјаснија што се случило со преостанатите 11 беспилотни летала.
Во нападот во текот на ноќта беа повредени и 10 лица во јужниот град Миколаев, изјави регионалниот гувернер Виталиј Ким.
Во рускиот напад оштетени се и девет станбени згради, 30 гаражи и една административна зграда, додаде тој.
Русија негира дека намерно гаѓа цивили, но илјадници се убиени и повредени во нејзината инвазија на Украина.
Европа
Злосторство од 1995 година: награда од 20.000 фунти за оној што ќе го открие убиецот на Британката

Злосторството што се случило пред речиси три децении останува неразјаснето, а ќерката на жртвата сега упатува јавен апел за помош.
Џенет Браун, 51-годишна мајка на три деца, беше брутално убиена на 10 април 1995 година во нејзиниот дом во Бакингемшир, Англија. Нејзиниот убиец никогаш не бил пронајден.
Полицијата има примерок од ДНК пронајден на местото на злосторството, за кој верува дека му припаѓа на убиецот, но не одговара на ниту едно лице во полициската база на податоци. Во текот на истрагата беа испрашани повеќе од 1.000 мажи, но сите беа исклучени од истрагата.
Се нуди награда од 20.000 фунти за информации кои ќе доведат до апсење и осудување на сторителот, а секој што има информации може анонимно да контактира со Crimestoppers.
Џенет Браун работела како медицински истражувач во болницата Џон Редклиф во Оксфорд. Таа била пронајдена гола, со лисици на рацете и со превез преку устата, на дното од скалите, се било полно со крв. И покрај околностите, полицијата не верува дека мотивот бил од сексуална природа, а од домот ништо не е украдено.
Нејзината најстара ќерка Зара Харден вели дека сè уште не може да разбере зошто некој би ја нападнал нејзината мајка: „Тоа ми е целосно несфатливо, но убедена сум дека некој знае нешто“, рече таа.
„Таа беше врзана и брутално претепана, буквално претепана до смрт. Не е важно што никој не се јави тогаш, сè уште не е доцна”, рече таа.
Во моментот на убиството децата на Џенет Браун, Зара, Бенедикт и Роксана, не биле дома, а нејзиниот сопруг д-р Греам Браун бил на службено патување во Швајцарија.
Убиецот прво се обидел да го пресече стаклото на двојните лизгачки врати, а потоа го скршил стаклото и насилно влегол во куќата. Се верува дека Џенет била убиена во периодот од 20.15 до 22.15 часот истата вечер. Телото следното утро го пронашол градежен работник кој со синот требало да работи на куќата.
„Убиецот или убијците останаа неказнети до ден-денес. Сакаме да бидат кривично гонети. Некој способен за ваков вид на криминал се уште е на слобода и сакаме да спречиме вакво нешто да се повтори“, рече Харден.
Питер Бирн, шеф на тим за ревизија на нерешени тешки злосторства на полицијата, рече: „Сè уште верувам дека има луѓе кои имаат информации или сомневања во врска со ова брутално убиство“.
„Имаме ДНК профил од местото на злосторството. Тој не припаѓа на членовите на семејството и веруваме дека тоа би можело да биде клучен доказ кој го поврзува убиецот со злосторството“, рече Бирн.