Свет
Последните зборови на мајката чии деца 40 дена преживувале сами во џунглата: најстарата ќерка раскажала сè за чудесното спасување
Мајката на децата спасени по 40 дена во џунглата на Амазон била жива четири дена по падот на нивниот авион. Магдалена Мукутуј им рекла на своите деца да одат и да бараат помош додека лежела умирајќи, пишува Би-би-си.
Во изјава за новинарите, таткото на децата, Мануел Раноке, вели дека неговата постара ќерка му рекла дека мајка им ги повикала да излезат и да се спасат. Падот го преживеале браќата и сестрите на возраст од 13, 9 и 4 години, како и едно 11-месечно бебе. Тие се спасени и префрлени со хеликоптер во воена болница во главниот град на Колумбија, Богота.
„Единственото нешто што 13-годишната Лесли ми кажа е дека мајка им, всушност, била жива четири дена“, изјави Ранок за новинарите. „Пред да умре, мајка им рекла нешто како: „Деца, бегајте одовде. Ќе видите каков човек е вашиот татко и тој ќе ви ја покаже истата голема љубов како што ви ја покажав јас“, додаде Ранке.
Медиумите потсетуваат дека минатата недела четири деца од домородна заедница на југот на земјата беа пронајдени во Колумбија повеќе од пет недели откако авионот со кој патуваа се урна во густа џунгла. Децата биле спасени од војската во близина на границата меѓу колумбиските провинции Какета и Гуавијаре во близина на местото каде што се урнал малиот авион.
Малиот авион „цесна 206“ превезувал седум лица на пат меѓу Аракуара, провинцијата Амазонас, и Сан Хозе дел Гуавијаре, град во провинцијата Гуавијаре, но алармот за дефект на моторот бил активиран во раните утрински часови на 1 мај.
Тројца возрасни лица, меѓу кои и пилотот, загинале како последица на падот, а нивните тела биле пронајдени во авионот. Падот го преживеале три деца (13, 9 и 4 години), како и едно 11-месечно бебе.
Првичните информации од Управата за цивилно воздухопловство сугерираат дека децата избегале од авионот и се упатиле во прашумата за да побараат помош. Спасувачките тимови, со поддршка на кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје, кое наводно децата го јаделе, и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунгла.
Во спасувачките операции учествуваа авиони и хеликоптери на колумбиската армија и воздухопловните сили.
Се верува дека децата преживеале затоа што јаделе храна што тимот за пребарување им ја фрлал од хеликоптер во изминатите недели, но се верува дека пресудна улога одиграл фактот дека тие се дел од домородната заедница Хуито.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Приведен еден осомничен за пукањето на Универзитетот Браун во САД
Полицијата во Провиденс приведе едно лице во врска со пукањето на Универзитетот Браун, во кое загинаа двајца студенти, а девет други беа повредени.
Портпаролката на службата за јавна безбедност на Провиденс, Кристи ДосРејс, за Ројтерс изјави дека „лице од интерес“ е во притвор по пукањето на универзитетот во Род Ајленд.
Повеќе од 400 полицајци беа ангажирани да бараат осомничен кој влегол со огнено оружје во зграда каде студентите полагале испити.
Пристапот до делови од кампусот беше ограничен, а полицијата остана на местото на настанот.
Агенти од ФБИ и Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви соработуваат со локалната и државната полиција во истрагата.
Службениците објавија видео од осомничениот, за кој се верува дека е маж на околу 30 години облечен во црно.
Истражителите пронашле чаури на местото на настанот, а вооружениот напаѓач избегал по пукањето.
Свет
Зеленски: Украина се откажува од НАТО во замена за безбедносни гаранции
Украина е подготвена да се откаже од членството во НАТО во замена за западни безбедносни гаранции, како компромис за завршување на војната со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски пред разговорите со американски претставници во Берлин.
Зеленски оцени дека безбедносните гаранции од САД, европските земји и други партнери, би можеле да спречат нова руска инвазија и претставуваат значаен отстап од украинска страна.
Тој потсети дека членството во НАТО долго време беше стратешка цел на Украина и дел од уставните определби на земјата.
Иако официјалниот состав на разговорите во Берлин не е објавен, американски функционер потврди дека специјалниот пратеник на поранешниот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер ќе учествуваат на средбите со украински и европски претставници.
Свет
(Видео) Храбар случаен минувач го совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажа во Сиднеј
На плажата Бонди во Сиднеј се случи пукaње, во кое, според последните информации, 12 лица се убиени, а 29 се повредени.
Светските медиуми објавуваат видео од социјалните мрежи на кое се гледа како минувач совладува и разоружува еден од напаѓачите.
Видео објавено на социјалните мрежи, според „Гардијан“, покажува како минувач го соборува на земја еден од напаѓачите на плажата Бонди и му го грабнува пушката.
Пукањето официјално беше прогласено за терористички чин.
Еден вооружен напаѓач е исто така убиен, а вториот осомничен е во критична состојба, соопшти полицијата.
На плажата се одржувал настан по повод почетокот на Ханука, еврејскиот празник на светлината, на кој присуствувале повеќе од 1.000 луѓе, соопшти полицијата.

