Топ
Деца се напиле средство за чистење на роденден во игротека во Аеродром: итно пренесени во болница
Најмалкму три деца итно биле пренесени во болница со црвенило на слузницата во устата. Според информациите, тие се напиле средство за чистење, додека биле на роденден во игротека.
„На 11.06.2023 во 20.40 часот во Полициската станица Аеродром, од ЈЗУ – Клиника за детски болести било пријавено дека во 18.00 часот во клиниката биле донесени тројца малолетници со црвенило на слузница во устата.
Според пријавеното, децата биле на роденденска забава во игротека на подрачје на Аеродром, а по преземени мерки и извршени разговори со родителите и вработените било утврдено дека децата се напиле од течност од шише, најверојатно дизентал, кое било оставено на шанкот“ соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори.
Гордана Силјановска Давкова доби 561.000 гласови, а Стево Пендаровски освои 251.899 гласови.
По целосно обработените податоци од вчерашното гласање, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички места, ДУИ – 19 пратеници, СДСМ освои 18 мандати, коалицијата ВРЕДИ – 13, Левица и ЗНАМ по шест маднати.
ИЕ 1 – ВМРО-ДПМНЕ – 10, СДСМ – 3, ДУИ – 2, ВРЕДИ – 2, Левица – 2 и ЗНАМ – 1 пратеник.
ИЕ 2 – ВМРО-ДПМНЕ – 8, ДУИ – 4, ВРЕДИ – 3, СДСМ – 2, ЗНАМ – 2 и Левица – 1 пратеник.
ИЕ 3 – ВМРО-ДПМНЕ – 14, СДСМ – 4, ЗНАМ и Левица по 1 пратеник.
ИЕ 4 – ВМРО-ДПМНЕ – 13, СДСМ – 5, ЗНАМ и Левица по 1 пратеник.
ИЕ 5 – ВМРО-ДПМНЕ – 10, ДУИ – 4, СДСМ – 3, ВРЕДИ, ЗНАМ и Левица по 1 пратеник.
ИЕ 6 – ДУИ – 9, ВРЕДИ – 7, ВМРО-ДПМНЕ – 3, СДСМ – 1 пратеник.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го градат коалицискиот потенцијал со другите партии.
Фокусот ќе бидат луѓето на прво место, вели Мицкоски.
Трите значајни точки врз кои ќе почиваат преговорите за коалициските партнери во новата влада се: економски силна држава преку реформи и чекори, кои ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард; фронт против криминалот и корупцијата и постигнување правда; реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции преку дијалог и исполнување принципи.
Мицкоски рече дека очекувањата се големи, а одговорноста кон народот уште поголема.
Партискиот лидер уште пред изборите најави дека ВМРО-ДПМНЕ планира да коалира со албанскиот опозициски блок „Вреди“, а не со ДУИ, а за која партијата смета дека треба да замине во опозиција.
Македонија
Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов
По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК.
Во согласност со Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори, а ќе ја свика претседателот на Собранието од претходниот состав.
Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.
Мандатот на пратениците во Собранието се избираат за време од четири години и пратеникот не може да врши други јавни функции или професии. Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници.
Во однос на претседателските избори, најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова. На 12 мај истекува мандатот на Стево Пендаровски.
Доколку инаугурацијата на Силјановска се одржи на 12 мај, таа ќе треба да го додели мандатот за новиот состав на Владата.
Пред преземањето на должноста, претседателот дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.