Забава
Трогателна љубовна приказна во Турција: жената која го оставила ја чека на автобуска станица 24 години

Еџевит Окузџу, жител на провинцијата Синоп во Турција, 24 години чека на автобуска станица да се врати неговата сакана жена.
Турските медиуми пишуваат дека љубовната приказна на Окузџу е многу потресна.
На новинарите им рекол дека токму на таа автобуска станица ја сретнал жената од неговите соништа и дека нивната љубовна приказна се развивала токму онака како што тој си замислил, додека не се случила трагедијата.
На млада возраст му била дијагностицирана болест поради која постепено го изгубил видот. Иако поминал низ бројни третмани, ниту еден не се покажал успешен. За жал, жената што ја сакал отишла во Истанбул и повеќе не се вратила, пренесува Klix.ba.
Иако оттогаш поминаа повеќе од 20 години, Окузџу не ја изгуби надежта, верувајќи дека еден ден неговата сакана ќе се врати на истата автобуска станица каде што за првпат се сретнаа нивните патишта. Затоа тој секој ден чека на станицата.
Како што вели, нема блиски членови од семејството освен неговиот брат кој не живее со него.
Во текот на денот, Окузчу може да се види на автобуската станица, место кое сега локално е познато како станицата „ашик Еџевит“, што значи „заљубен Еџевит“, што стана еден вид симбол на неговата трајна љубов и посветеност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Меган Маркл беше во Париз: скандалите веднаш почнаа да се нижат, еден по друг

Појавувањето на Меган Маркл на Неделата на модата во Париз привлече големо внимание од јавноста, со оглед на тоа што долго време не е видена во Европа.
Сите беа изненадени кога ја видоа Меган Маркл на Неделата на модата во Париз. Таа ја гледаше ревијата на Пјерпаоло Пичоли од првиот ред и ги воодушеви сите со своето модно издание.
Ова појавување на Меган Маркл беше повеќе од изненадување, а самиот Пјерпаоло откри како дошло до тоа.
„Меган и јас се запознавме пред неколку години и оттогаш се допишуваме. Таа ме контактираше и рече дека сака да дојде на ревијата. Немаше никаква стратегија или организација, едноставно не сакав никому да кажам дека доаѓа бидејќи сакав да биде изненадување“, изјави тој за The Cut.
И додека Меган се обидуваше да го одвлече вниманието со своето бело модно издание, сите беа повеќе љубопитни од каде доаѓа таа. Во меѓувреме, и нејзиниот претставник се огласи.
„Низ годините, војвотката носеше голем број креации на Пјерпаоло. Тие често соработуваа, а таа долго време ја ценеше неговата вештина, поради што одлучи да го поддржи вечерва“, рече тој.
Сепак, имаше негативни коментари, со оглед на тоа што дотичниот дизајнер работи во озлогласениот Баленсијага, а потоа во еден момент за време на ревијата, Меган беше видена како прснува во смеа, наводно затоа што моделот се сопнал на пистата.
И тоа не е сè.
Meghan Markle is a narcissistic bully, a devil and a fraud. I’m sure the divorce will be in 2026.
She’s filming herself driving where her husband’s mom died while not wearing a seatbelt. This woman is the direct work of Satan.
pic.twitter.com/bvebMSbfr9— Sher❤ (@TheFabBookLover) October 5, 2025
Таа предизвика најголем бес кога го снимаше погледот кон Париз додека се вози во лимузина. Моментот кога сними како ги става нозете на седиштето згрози многумина, особено затоа што се приближуваше до тунелот во кој трагично загина принцезата Дајана во 1997 година.
Поради сето ова, таа беше наречена нечувствителна и груба на социјалните мрежи, а дури и кралскиот експерт Ричард Фицвилијамс немаше позитивни коментари за тоа.
„Не разбирам што мислеше, очигледно не мислеше. Иако сум сигурен дека немаше намера да навреди никого, едноставно не мислеше, но тоа е многу нечувствително. Верувам дека и Хари беше згрозен од ова“, рече тој.
Забава
Сè им оди од рака: на овие хороскопски знаци секогаш ќе им паѓаат пари од небо

Парите честопати им доаѓаат лесно, можностите се отвораат таму каде што другите не гледаат прилика, а ризиците што ги преземаат обично се исплатуваат.
Ваквите луѓе не се потпираат само на среќа, туку имаат силна интуиција, паметни финансиски потези и честопати се придружени од поддршката на универзумот во клучни моменти. Кои се овие хороскопски знаци?
Бик
Биковите имаат вродено чувство за вредност – не само за парите, туку и за ресурсите, времето и енергијата. Тие знаат кога да инвестираат, а кога да повлечат. Не трошат импулсивно, но кога ќе одлучат за нешто, одат до крај.
Парите им доаѓаат преку стабилни работни места, долгорочни инвестиции или партнерства кои стануваат исклучително профитабилни. Нивната сигурност и способност да останат смирени под притисок честопати им отвораат врати кои остануваат затворени за другите. Биковите ретко преземаат ризици, но кога го прават тоа, имаат изненадувачки добро чувство за вистинскиот момент.
Лав
Лавовите природно привлекуваат внимание и знаат како да се претстават. Тие се харизматични, самоуверени и многу амбициозни. Не е невообичаено Лавовите да бидат во центарот на профитабилни проекти, да водат свои компании или да станат препознатливи во јавноста.
Она што ги издвојува е нивната способност да веруваат во себе дури и кога сите други се сомневаат во нив. Токму оваа вера често им носи конкретни резултати – пари, признание и поддршка од влијателни луѓе. Лавовите не чекаат можност, тие ја создаваат. А кога ќе успеат, тоа не е случајно – туку затоа што знаеле што сакаат и директно тргнале кон неа.
Стрелец
Стрелците имаат повеќе среќа од повеќето други знаци. Нивниот владетел е Јупитер, планетата на изобилство, експанзија и среќа. Тие често „случајно“ добиваат понуда за работа, наследство, враќање на данок или можност за патување што им отвора нови врати.
Она што ги прави посебни е тоа што не ги гледаат парите како цел, туку како средство за слобода. Нивната храброст, отвореност кон нови искуства и позитивен став честопати ги водат до успех – дури и кога нивниот пат не е совршено испланиран.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) „Неверојатно е дека има 44 години“ – Златан Ибрахимовиќ со видео од сауна ги воодушеви обожавателите

Поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ повторно привлече внимание со видео објавено на социјалните мрежи. Тој се сними во сауна сместена во природа, носејќи само долна облека и гледајќи кон пејзажот, а снимката за помалку од едно деноноќие собра над 140 илјади лајкови.
Во коментарите се редеа пофалби: „Златан е жив оган“, „Изгледаш како да имаш 23 години“, „Викинг“, „Неверојатно дека има 44“. Дел од фановите забележаа и дека ја скратил косата.
View this post on Instagram
Ибрахимовиќ неодамна го прослави 44. роденден и, според традицијата, си подари нов автомобил – Ferrari F80, со што ја продолжи својата „роденденска колекција“ од луксузни модели на Ferrari.
View this post on Instagram