Регион
Вучиќ се докажува дека навистина бил во училиштето каде се случи масакрот, откако го обвинија дека направил фотографија на „фотошоп“
Српскиот портал „Истиномер“, кој се занимава со проверка на факти, објави анализа на фотографијата на српскиот претседател Александар Вучиќ во основното училиште „Владислав Рибникар“, врз основа на која тврди дека таа содржи траги од дигитална манипулација што укажува дека не е целосно автентична. На ова, возврати Вучиќ, кој објаснуваше детали преку кои може да се потврди дека тој бил во училиштето каде се случи масакрот.
„Има цела страница што ја напишав во основното училиште „Владислав Рибникар“. Има многу луѓе кои ме следат. Ме фотографираше шефот на обезбедувањето ‘Кобри’ (службата која се грижи за безбедноста на Вучиќ)“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за посетата на училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар и покрај тврдењата дека фотографиите на кои тој се запишува во книгата на жалоста се лажни.
Вучиќ во емисијата „Кирилица“ додаде дека го пречекала директорката на училиштето.
„Сакате да кажете дека специјалецот од Кобра нешто фотошопирал? Неговата работа е да го снима секој мој потег и тој ја има мојата книга каде што евидентира што сум правел и каде сум бил. Бевме многумина тоа утро, а и многу други луѓе мора да знаат каде е претседателот на Републиката. Директорот Кнежевиќ беше таму, потоа дојде друг професор, па трет. За каков фотошоп зборуваат?“, рече Вучиќ и додаде:
„Тоа ви покажува во каква ера на лаги живееме. Прво рече – не не беше, така рече (Мирослав) Алексиќ, а кога покажав дека сум и навистина сум… не сакам да се мешам во работата на просветната инспекција и да кажам ништо, но директорката ми остави впечаток на внимателна и грижлива жена“, изјави Вучиќ.
Пратеникот на партијата „Зајдено“ во српското Собрание, Ѓорѓе Микетиќ, истакна дека српскиот претседател Александар Вучиќ не бил во ОУ „Владислав Рибникар“ за време на тридневната жалост во Србија, каде ученик уби десет ученици и чуварот.
Фотографијата на Вучиќ во „Рибникар“ се појави откако Алексиќ во интервју за неделникот „Време“ изјави дека се сомнева оти Вучиќ бил во училиштето, велејќи дека е голем срам што ниту премиерката Ана Брнабиќ, ниту претседателот на Србија не нашле време да отидат во „Рибникар“ и да се запишат во книгата на жалост.
Вучиќ претходно изјави дека го посетил училиштето „Владислав Рибникар“, но „не сакал да ги носи камерите со себе“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

