Црна хроника
Казни за 156 возачи во Скопје, 24 за брзо возење
На територијата на град Скопје вчера биле изречени вкупно 156 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 24 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени биле 15 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР, и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Насилство во Скопско: ја нападнал поранешната партнерка и се обидел да ја силува
Вчера во 10.00 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници извршиле службен разговор со 44-годишниот М.С. од радовишко село, со престој во скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека на 28.09.2024 во скопско, физички ја нападнал неговата 39-годишна поранешна вонбрачна партнерка и се обидел да изврши обљуба врз неа.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Кривични против четворица царински службеници, на струмичанец му пресметале помал износ на ДДВ и давачки за увоз
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Р.(35), В.М.(44), Д.М.(49) и С.М.(39), сите царински службеници, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
На 25.07.2023 на работното место на граничен премин Табановце, за влез во државата, пријавените на едно лице од Струмица му пресметале помал износ на ДДВ и царински давачки за увоз, со што му овозможиле да се стекне со противправна имотна корист, а му издале и потврда за плаќање на увозни давачки, која ја завериле со свој печат и потпис, соопшти МВР.
Црна хроника
Малолетник од Делчево тешко се повредил додека работел во дворот, се расчистува случајот
На 02.10.2024 во 17.03 часот во Полициската станица Делчево, од Итна медицинска помош Делчево било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Делчево.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите од остар предмет додека работел во дворно место од куќа во Делчево. За настанот бил известен Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.