Македонија
Пенов: Фотоволтаици за три училишта и градинка во Чаир, се намалуваат трошоците за електрична енергија
Со проектот од програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Косово, Општина Чаир ќе ги намали трошоците за електрична енергија, а заштедите ќе може да ги вложи во подобрување на условите во училиштата, рече министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов.
„Во општина Чаир се поставени фотоволтаици на 3 основни училишта и на една градинка, а Министерството за локална самоуправа од Европската Унија и од буџетот на државата обезбеди 212.000 евра за реализација на овој проект. Ова се конкретни придобивки од процесот на интегрирање на нашата земја во Европската Унија, кои директно ги чувствуваат граѓаните“, рече тој.
Од ИПА-фондовите на ЕУ, само преку програмата за прекугранична соработка со Косово во вториот програмски период се реализирани 15 проекти во вкупна вредност од 5,4 милиони евра, од кои 4,2 милиони евра се средства од ЕУ. Другите 1,2 милион евра се од буџетот на Министерството за локална самоуправа, кое го обезбедува националното кофинансирање.
„Преку ИПА-инструментот на Европската Унија се финансираат голем број проекти во општините, без дополнително да се оптоварат општинските буџети, што е голема придобивка за нас. Со отворањето на преговорите со Унијата ќе се зголемат одговорностите, но и достапните средства за развој на државата и општините. Имаме шанса да направиме историски пресврт за државата и, пред сè, за граѓаните. Нашите граѓани да бидат рамноправни со сите други во Европската Унија, а тоа значи да имаат избор, да работат и да заработуваат подобро, да живеат подобро“, додаде Пенов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

