Црна хроника
Несреќа на „Партизанска“: Холанѓани со мотор излетале од патот, тешко повредена 72-годишна жена

Холанѓани со мотор излетале од патот, при што тешко е повредена сопатничката.
Според информациите, несреќата се случила вчера на кружна крстосница од улицата Партизанска и улицата Маркс Енгелс во Скопје.
Како што се наведува, Ј. Ц. В. Р. (72) од Холандија, управувајќи мотоцикл „хонда“, со холандски национални ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката Ф. Ц. В. Р. (72) од Холандија, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени две лица од Трубарево: во парк на булеварот „Февруарски поход“ палеле кабли

Вчера во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Аеродром ги лишија од слобода 23-годишниот Т.М. и 26-годишниот И.М., двајцата од село Трубарево, скопско.
„Претходно, вработен во општина Аеродром пријави дека во парк на булевар „Февруарски поход“ две лица палеле кабли, а откако полициските службеници излегле на местото ги пронајдоа и лишија од слобода двајцата“, извести МВР.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Во Центар натепана лекарка од Итна медицинска помош

Физички напад врз здравствен работник од млада скопјанка бил пријавен во полиција рано утринава, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска во 2:40 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, Д.Б., на возраст од 36 години од скопско Булачани, пријавила дека синоќа околу 23:15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи во својство на здравствен работник во комбе од Итна медицинска помош, била физички нападната од 24-годишната И.Д. од Скопје, појаснуваат од МВР.
По целосно документирање на слуачјот, како што истакнуваат, ќе следува соодветн поднесок.
Македонија
Романец осомничен за тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против романски државјанин, осомничен дека во Скопје извршил кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.
Осомничениот 41-годишник делото го извршил на 21 март, во Ѓорче Петров, кога на дрзок начин и со сила одзел златен ланец со крст од еден оштетен, тргајќи му го од вратот. Потоа почнал да претура по полицата од дневната соба, ја отворил фиоката и одзел 2.500 денари. Така осомничениот се стекнал со вкупна противправна имотна корист во износ од 11.500 денари, по што веднаш се дал во бегство.
Имајќи предвид дека станува збор за странски државјанин без регулиран престој во државава, јавниот обвинител оцени дека постои опасност од бегство и до Судот достави предлог за определување мерка притвор.