Регион
Траги од чизми и пластични лисици, Курти раскажа што е пронајдено на местото каде биле киднапирани тројцата полицајци
Косовскиот премиер Албин Курти на прес-конференцијата покажа што е пронајдено на местото каде српските сили ги киднапирале тројцата полицајци.
Курти рече дека киднапирањето се случило длабоко на територијата на Косово.
„Не се работи за апсење во Србија, туку за киднапирање на Косово и не се работи за никакво преминување на косовската полиција на територијата на Србија, како што се тврди“, рече Курти.
Премиерот нагласи дека на местото на настанот пристигнале КФОР и косовската полиција.
„КФОР и КП биле на местото на инцидентот, а биле пронајдени и траги од чизми во правец кон Србија, пластични лисици. Она што и понатаму ме зачудува е тоа што КФОР сè уште официјално не објаснува каде е ова место, а ова место е на Косово. И возилото и храната што ја јаделе полицајците, се е на територијата на Косово“, изјави Курти.
Српската полиција уапси тројца косовски специјалци, за кои тврди дека биле вооружени со автоматски пушки, во полна борбена опрема, со уреди за локации и мапи. Според тврдењата на Србија уапсените го преминале административниот премин и биле навлезени на српска територија. Но, од косовската полиција известувааат дека полицајците се киднапирани, откако биле на должност и ја известиле базата дека забележале вооружени и маскирани лица на граничниот премин. На местото на настанот, пристигнале дополнителните единици на косовската полиција, пронашле само службен автомобил, но не и полицајци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

