Македонија
Груби: Живееме во страв дека Бугарите ќе не асимилираат, не сакам повеќе состојба на заробена држава
„Речникот вели дека помирувањето е повторно воспоставување на пријателските односи или чин на правење едно убедување или гледиште во согласност со друго. Така, сметам дека бевме пријатели, потоа се каравме, а сега пак се враќаме на пријателските односи. Не можам да се сетам на многу од ова во Југоисточна Европа, без разлика колку длабоко и далеку одиме во историјата. Пораснавме со стравот дека Албанците ќе ја однесат оваа земја на друго место, додека не се одваживме да бидеме храбри и да донесеме одлуки да го надминеме нашиот страв. Ја завршивме војната со мировен договор кој на крајот ја направи земјата отворена за сите нејзини граѓани, што резултираше со довербата на граѓаните кон државата. Пораснавме со страв дека Грците ќе ни ја земат историјата, и дека тоа ќе биде Армагедон. Сега живееме во страв дека Бугарите ќе не асимилираат во 21 век, после 21 век неуспешни обиди да го сторат тоа. Никој од нас не изгуби ништо од договорите на Охрид, Преспа и за добрососедските односи. Државата, регионот и се што добивме скоро сите, неопходен е дополнителниот чекор за заокружување”, истакна министерот за политички систем, Артан Груби, од Преспа форумот.
Цел живот го поминав во конфликт. Од кога памтам за себе, имало проблеми и никогаш немало „дасадни“ моменти во овој регион, рече тој во својот говор.
„Никој не може да го оспори постоењето на македонскиот јазик, македонскиот народ и постоењето на нашата држава. Судниот ден нема да се случи, светот нема да престане да постои дента по донесување на потребните одлуки. Не сакам повеќе состојба на заробена држава“, порача Груби.
Во четвртиот панел дискусија имаше и од страна на заменик премиерката на Косово, Емилија Реџепи, државната секретарка на Швајцарија, Ливиа Леу, директорката за Европа и Централна Азија од „European External Action Service“, Ангелина Еицхорст, високиот претставник на ЕУ за Косово, Мирослав Лајчак, државниот секретар за надворешни работи на Светата Столица, Мирослав Станислав Васхоски, специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин, високиот претставник за БиХ, Христијан Шмид, како и генералниот секретар на „RYCO“, Алберт Хани.
„Во регионот, времето како да истекува, а светот како да нема време. Неопходно е да се искористи оваа историска шанса која можеби нема да се повтори”, порача Сарацин.
„Во денешниот Западен Балкан има премногу од минатото, што ја засенува иднината на регионот во ЕУ. Тоа го кочи Балканот, кој на крајот не служи никому, а најмалку на сите негови граѓани. Ова мора да се промени“, истакна Мирослав Лајчак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември
Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари и е за 319 денари зголемена во однос на минималната кошница за минатиот месец кога изнесуваше 65.173.
ССМ денеска информираше дека со изнајмен стан од 60 метри квадратни за декември синдикалната минимална кошница изнесува 80 .867 денари.
Според пресметките на ССМ, во декември за храна и пијалаци се потребни 23.640 денари, за Образование 7.159 денари, за Станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.130 денари, Облека и обувки 5.875 денари, Транспорт 4.636 денари, Ресторани и хотели 4.131 денар, Комуникации 3.417, Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.620 денари.
Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески на 17-ти месецов најави дека од 1 јануари освен што синдикатите ќе ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка и тие како Влада ќе прават пресметка за просечна потрошувачка кошничка, која ќе биде за најмалку четиричлено семејство. На оваа тема ќе се разговара на Економско –социјалниот совет, кој е закажан на 22 декември (понеделнк).
– Ќе бидат земени параметри од најголемите маркети во Македонија, ќе бидат земени параметри од страна на основните прехранбени производи, за се она што е потребно за еден просечен живот, за едно просечно македонско семејство. Исто така ќе бидат земени и од различни региони и најчесто овошјето и зеленчукот ќе биде земен она коешто е карактеристично за периодот, кога се пресметува во текот на годината, изјави Ристески.
Македонија
Боки 13 ја вознемирувал Русковска, таа го пријави во полиција
Поранешната обвинителка Вилма Русковска поднела пријава до полицијата против Бојан Јовановски – Боки 13 за телефонско вознемирување.
Според пријавата, инцидентот се случил вечерта на 18 декември 2025 година, кога Јовановски, додека бил во живо вклучување на „Јутуб“, повеќепати телефонски ја контактирал Русковска, и покрај нејзиното одбивање на повиците.
Од снимката што циркулира на социјалните мрежи може да се види дека разговорот бил проследен со навредливи и вознемирувачки изјави од страна на Јовановски. Русковска во еден момент го предупредила дека доколку продолжи со повиците, ќе го пријави во полиција, по што повиците сепак продолжиле.
Од Министерството за внатрешни работи за медиумите ја потврдија пријавата и информираа дека работат на расчистување на случајот.
Македонија
Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.
Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.
Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.
„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.
Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.
Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.

