Спорт
Интер е заинтересиран за напаѓачот што блескаше во Франција, а е член на Арсенал

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, посетата на Лондон и преговорите со Челси за продажбата на Андре Онана ја искористи за да ја проучи можноста за привлекување на играч на Арсенал, открива „Газета дело спорт“.
Станува збор за 21-годишниот напаѓач Фоларин Балогун, кој минатата сезона направи бум во Франција во дресот на Реимс. Талентираниот фудбалер постигна 21 гол на 37 натпревари во Лига 1, а неговата позајмица во францускиот клуб заврши и „топчиите“ се подготвени да го продадат за сума од околу 40 милиони евра.
Сепак, Интер не се согласува со сумата, па ќе се обиде да вклучи некој фудбалер во пакетот за ангажман на Балогун.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ван Дајк дефанзивец со најголема плата во Европа – Холанѓанецот потпиша нов договор

Вирџил ван Дајк потпиша нов двегодишен договор со Ливерпул. Ова е уште една добра вест за фановите на „црвените“, бидејќи минатата недела нов договор потпиша и Мохамед Салах.
Ван Дајк (33) веќе седум години е во Ливерпул, а оваа сезона со „црвените“ ќе ја освои втората титула во Англија, доколку до крајот на сезоната не се случи чудо. Холанѓанецот ќе заработува 400 илјади фунти (466 илјади евра) неделно, што го прави најплатениот дефанзивец во Европа, пренесува „Атлетик“.
„Многу сум среќен, многу горд. Чувствувам гордост и радост. Патувањето што го поминав досега во кариерата, ќе го продолжам за уште две години во овој клуб, тоа е неверојатно и многу сум среќен. Мојот план отсекогаш бил да останам во Ливерпул“, рече Ван Дајк.
Ван Дајк пристигна во Ливерпул од Саутемптон во јануари 2018 година и брзо стана еден од најдобрите дефанзивци во светот. Неговата дефанзивна моќ беше клучна за освојување на седум големи трофеи во тој период. Одигра 314 натпревари и постигна 27 гола.
Холанѓанецот ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство на ФИФА, Суперкупот на УЕФА, ФА Купот и два пати Лига купот. Ван Дајк беше прогласен за играч на годината во Премиер лигата во 2019 година и четири пати беше избран во тимот на годината во Премиер лигата.
Спорт
Модриќ го одигра последниот меч за Реал во ЛШ

Сонот за одбрана на титулата Реал Мадрид го заврши со поразот од Арсенал. „Топџиите“ првиот четвртфинален меч го добија со 3:0, а синоќа славеа и во реваншот во Мадрид со 2.1. Арсенал се пласира во првото полуфинале во елитното европско натпреварување од 2009 година.
Синоќешниот меч на „Бернабеу“ веојатно беше последен за Лука Модриќ во Лигата на шампионите.
Освојувачот на „Златната топка“ во 2018 година доби шанса да влезе во игра во 72. минута од натпреварот, во момент кога беше јасно кој ќе оди во полуфиналето.
Веднаш по завршувањето на натпреварот, познатата шпанска новинарка Аранча Родригез изненади многумина со својата објава на социјалната мрежа „Икс“.
„Се чини дека ова беше последниот натпревар на Модриќ за Реал Мадрид во Лигата на шампионите“.
Со оглед на тоа дека Родригез има добри врски во клубот, нејзините зборови сугерираат дека Реал нема да му понуди нов договор на Модриќ.
Долгогодишниот предводник на хрватската репрезентација има важечки договор со „лос бланкос“ до крајот на актуелната сезона. Тој сака да ја продолжи сорабтката и за наредната сезона, но јасно е дека по елиминацијата од Лигата на шампиони, Реал ќе прави одредена реконструкција во летниот преоден рок.
Модриќ е најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид со 28 трофеи. Меѓу нив има дури шест Лиги на шампиони, четири шпански титули, два Копа дел Реј, пет светски клупски првенства и пет европски Суперкупа.
Спорт
Евролигата го ограби Сплитер, тренер на годината е Јасикевичиус

Шарунас Јасикевичиус е добитник на трофејот „Александар Гомељски“, кој Евролигата му го доделува на најдобриот тренер во сезоната. Популарниот Шарас за прв пат во кариерата е прогласен за најдобар тренер на сезоната во Евролигата.
„И покрај бројните повреди, тој го предводеше Фенербахче до скор 23-11 и второто место во регуларниот дел од сезоната“, накратко ја објасни одлуката Евролигата, која веднаш ја ги подели кошаркарските фанови ширум Европа.
„Тиаго Сплитер е ограбен“, е чест коментар на социјалните мрежи по одлуката трофејот „Александар Гомељски“ да не му припадне на Бразилецот на клупата на дебитантот во евролигашкото натпреварување, тимот Париз.
Инаку, Јасикевичиус е првиот Литванец и 14. тренер во историјата на кого му е доделена наградата „Гомељски“.
Евролигата ја востанови оваа награда во 2004 година, оттогаш најпрестижната индивидуална награда во тренерската конкуренција три пати им припадна на Јоргос Барцокас и Жељко Обрадовиќ.
За најдобри двапати беа прогласени Еторе Месина, Пабло Ласо и Димитрис Итудис.