Македонија
Зголемените плати на функционерите пак пред Уставен: Одредбата е дискриминаторска во однос на другите граѓани
Уставниот суд на Република Македонија отвори два предмети поврзани со платите на избраните и именуваните функционери кои добиваат зголемени плати за 78% откако судот претходно донесе одлука со која се укинуваат два члена од Законот за плата на функционерите.
Оспорен е член од Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани именувани лица.
„Се наведува дека оспорената одредба е противуставна, дискриминаторски поставена во однос на пресметката на плата и другите надоместоци на останатите граѓани како лица во работен однос, односно не ги става во еднаква положба во правата во однос на другите граѓани“ се додава во соопштението на Уставен суд.
Оспорен е член од Законот за плата и други надоместоци за избрани и именувани лица во Република Македонија
„Подносителката наведува дека одредбата е дискриминаторска во однос на останатите граѓани и спротивна на членот 32 став 3 од Уставот кој предвидува дека секој вработен има право на соодветна заработувачка, како и во спротивност со членот 51 од Уставот според кој законите мора да се усогласени со Уставот“, се вели понатаму во соопштението.
Претходно функционерите добија покачување на платите за 78 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Учество на министерот Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
Дополнително, на маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со слаб ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Скопје
Без струја делови од Аеродром и Гази Баба
Од ЕВН Македонија добиено е известување дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од булеварот 3та Македонска Бригада – кај ресторан Дион во општина Аеродром;
· Од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Гемиџиска во општина Гази Баба.