Спорт
Модриќ го одбил Ал Хилал
Фудбалерот на Реал Мадрид и капитен на хрватската репрезентација Лука Модриќ одбил финансиски неверојатна понуда од Ал Хилал, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.
Клубот од Саудиска Арабија му понудил на Модриќ тригодишен договор, според кој Хрватот би заработил 200.000.000 евра.
Модриќ на тој начин не тргна по патот на Карим Бензема, кој кариерата ја продолжи во Ал Итихад, кој за две години ќе добие 200.000.000.
Модриќ пред еден месец го продолжи договорот со Реал Мадрид, а со овој потег најверојатно на сите им стави до знаење дека кариерата ќе ја заврши во белиот дрес.
Модриќ освои пет ЛШ во Реал Мадрид, три пати беше шампион на Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
АП Брера победи во Струга, реми меѓу Работнички и Македонија ЃП
Два натпревари го отворија 10-то коло во Првата македонска фудбалска лига. Струга го забележа првиот пораз, откако загуби дома од Брера, додека скопските ривали Работнички и Македонија ЃП одиграа здодевен натпревар, заврши без голови.
Победата, екипата од Струмица ја најави во првите седум минути, кога по гол постигнаа Наумчески и Стојанов во седмата минута. Струга возврати преку Зенку во 11-та минута, но Брера стигна до трет погодок десет минути подцна преку Ндзенгуе.
Ефикасното прво полувреме го заклучи Радески со гол за 2:3 во 45-та минута. Точка на натпреварот со својот втор гол стави Нздегуе во 61-та минута.
Табела:

Foto/ facebook.com/fkakademijapandev
Спорт
(Видео) Овиедо водеше 0:2, па во последните секунди спаси бод против Џирона
Спектакуларен меч во 10.коло во Примера одиграа двете последнопласирани екипи на табелата Џирона и Овиедо. Натпреварот на „Монтоливи“ заврши без победник 3:3.
Овиедо имаше предност 0:2, Џирона успеа да направи целосен пресврт во 90-та минута, но гостите во 97-та мунута соасија бод.
Овиедо на „Монтоливо“ дојде до предност од 0:2, со головите на Вињас од пенал во 38-та и ветеранот Рондон во 57-та минута.
Три минути по голот на Рондон, од пенал намали уште еден ветеран Кристијан Суани. Вториот гол за Џирона го постигна Онахи во 83-та минута, а потоа Мароканецот изнуди пенал.
Одговорноста повторно ја презеде Стуани и уште еднаш беше сигурен за целосен пресврт и ерупсција од воодушевување на „Монтоливи“.
Сепак до крајот Овиедо, заслужено, избгна пораз, стрелец во 97-та минута беше Кармо.
Двата тима и по 10-то коло ќе останата на последните две позиции на табелата, со по седум бода.
Фото/ ЕПА
Спорт
Шајб победи во велеслаломот во Солден
Со трката во велеслалом во женска конкуренција, во Солден започна новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање.
На домашен терен, во рпвата трка во сезоната победи Јулија Шајб. Австријската скијачка доминираше и ја доби оваа трка со голема разлика. Вкупното време изнесуваше 2:16.51.
Второто место го освои Американката Паула Молцан со заостанување од 58 стотинки, а третата беше Швајцарката Лара Гут-Бехрами со секунда и 11 стотинки заостанување.
Утре во истата дисциплина ќе биде отворена сезоната и во машка конкуренција.
Foto/ EPA

