Спорт
Ристовски: Македонија се надева дека може да направи чудо
Топспорт во Манчестер,
Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) на “Олд Трафорд” ќе се обиде да направи чудо и да остане непоразена против Англија, најголемиот фаворит во квалификациската група за ЕВРО 2024.
Капитенот Стефан Ристовски верува дека тимот е способен да направи сензација.
“Ние сме таква селекција, знаеме да одиграме најдобро против големи фаворити. Овде е најголемата сцена, одличен стадион, полни трибини, а за противник една од најдобрите фудбалски репрезентации во светот. Жалиме за поразот од Украина, па целата нервоза нека излезе утре на теренот, да дадеме се од себе”, изјави Стефан Ристовски.
Селекторот Благоја Милевски верува во квалитетите на својот тим.
“Секогаш имам верба во квалитетите на моите фудбалери. Знам дека ќе го дадат максимумот и дека се максимално мотивирани. Англија е најсилната селекција во групата, а “Олд Трафорд” носи голем предизвик”, изјави Милевски на прес-конференцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нигериецот Еџуке ја засили Севилја
Севилја почна да го формира ростерот за следната сезона. Прво засилување на клубот од Андалузија е Чидера Еџуке.
Нигерискиот фудбалер минатата сезона играше како позајмен во Антверпен од ЦСКА Москва. Севилја нема да издвои ниту цент за неговиот транфср, бидејќи му истече договорот со ЦСКА.
Еџуке постигна три гола и четири асистенции на 21 натпревар во белгискиот шампионат, а неговата природна позиција е лево или десно крило.
Во својата кариера, Еџуке играше за Суприм Корт, Гомбе Јунајтед, Валеренга, Херенвен, ЦСКА Москва, Херта и Антверпен.
Спорт
Манчестер сити ја одреди цената за Кансело
Манчестер сити ја одреди цената за десниот бек Жоао Кансело. Португалецот минатата сезона ја мина на позајмица во Барселона.
Пеп Гвардиола не беше задоволен од игрите на Кансело, а Португалецот не беше задоволен од минутажата, па единствено логично решение беше разделбата. Најпрвин беше на шет месечна позајмица во Баерн. Во Минхен беше импресионирани од него, поради што и не го откулија неговиот договор.
Во Барселона, минатата сезона имаше добри периоди, медиумите шпекулираа дека клубот ќе го откупи од Манчестер сити, но прашање е дали Барселона ќе троши пари за десен бек.
Манчестер сити од клубовите кои се заинтересирани да го донесат Кансело ќе бара 30 милиони евра, што отприлика ја претставува неговата проценета вредност.
Кансело во Манчестер сити пристигна во 2019 година, а одигра 154 натпревари, постигна девет гола си забележа 21 асистенција.
Спорт
(Видео) Хрватските навивачи пееја усташка песна на улиците во Берлин
На инстаграм-профилот на ultra_pokret_hr се појави видео на кое се гледаат хрватските фанови како шетаат на улица и ја пеат песната „Истрчале загребачке фрајле“, објави хрватски „Индекс“.
„Чекор по чекор, млад усташ под знамето. Битката се води, се води, се вее усташкото знаме, за слобода и за дом, хрватски дом“, пеат навивачите.
View this post on Instagram
Во описот на видеото стои: „Хрватските “ултраси” до Олимпискиот стадион во Берлин“. Според тоа, се претпоставува дека снимката е направена во саботата пред натпреварот од 1. коло на Европското фудбалско првенство меѓу Хрватска и Шпанија.