Спорт
Милутинов добил фанатстична понуда од Монако

Српскиот кошаркар Никола Милутинов добил исклучително богата понуда од челниците на Монако, пренесуваат француските медиуми.
Милутинов (28) е слободен играч откако го раскина договорот со челниците на ЦСКА Москва, а иако изминативе денови се пишуваше дека дефинитивно ќе се врати во Олимпијакос, француските медиуми имаат различни информации и тврдат дека клубот чиј тренер е неговиот сонародник, Саша Обрадовиќ сака да го ангажира еден од најдобрите центри во Европа.
Како што се наведува, челниците на Монако сакаат да изградат уште посилен тим за следната сезона и да атакуваат на пехарот во Евролигата, а соодветно на тоа сакаат значително да ја засилат централната позиција.
Медиумите тврдат дека Милутинов добил понуда од 2.500.000 милиони евра по сезона од првиот човек на Монако, што е многу повеќе од она што му го понудил Олимпијакос. Наводно, Олимпијакос на Милутинов најмногу може да му понуди 1.400.000 евра по сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Ливерпул на два чекори до тотулата, голем кикс на Челси против Ипсвич

Ливерпул по победата над Вест Хем во 32.коло е милимитар оддалечен од шампионската титула. Теоретски на Ливерпул му се потребни уште шест бода (две победи) за да ја врати титулата на „Енфилд“. Во исто време, Челси можеби го направи клучниот кикс во борбата за пласман во Лигата на шампионите. „Сините“ одиграа 2:2 со Ипсвич на домашен терен. Вулверхемптон уште еднаш покажа дека оваа сезона е една од најлошите за Тотентехм во последните десет години. Вулвс победија со 4:2.
Резултати:
Челзи – Ипсвич 2:2 (0:2)
/Туанзебе 46аг, Санчо 79 – Енсисо 19, Џонсон 31/
Ливерпул – Вест Хем 2:1 (1:0)
/Диас 18, Ван Дијк 89 – Робертсон 86г/
Вулверхемптон – Тотенхем 4:2 (2:0)
/Аит Нури 2, Спенс 38аг, Ларсен 64, Куња 86/
Спорт
(Видео) Аталанта за 20 минути ја реши Болоња

Фудбалерите на Аталанта ја совлада Болоња со 2:0 во првиот натпревар од неделната програма во Серија А. Во 32.коло, Аталанта победи со 2:0.
Конечниот резултат беше поставен веќе во 21. минута откако погодија Матео Ретеги во третата и Марио Пашалиќ во 21.минута. Со тој резултат заминавме на одмор меѓу двете полувремиња.
Аталанта остана на третото место на табелата, сега има 61 бод, два повеќе од Јувентус и четири од Болоња.
Atalanta 2-0 Bologna – Mario Pasalic
byu/dawnsreaper insoccer
Спорт
Севилја го отпушти тренерот Пимиента

Хавиер Франциско Пимиента повеќе не е тренер на Севилја, соопшти шпанскиот клуб.
Пимиента (50) беше сменет ден по поразот на Севилја од Валенсија (0:1).
За Севилја ова беше четврти пораз во низа, а во претходните седум кола од Ла Лига, тимот на Пимиента забележа само една победа.
Клубот од Андалузија има 36 бода по 31 коло и не треба да стравува за опстанок бидејќи Лас Палмас, првиот под линијата, заостанува седум бода.
Севилја не објави кој ќе го наследи Пимиента, кој седна на клупата пред почетокот на сезоната. Во својата тренерска кариера ги водеше и Лас Палмас и Барселона Б.