Регион
Рама му порача на Курти: Излези од човечката самоизолација, не го губи северот на Косово

Премиерот на Албанија, Еди Рама, побара од Србија да ги ослободи тројцата уапсени припадници на косовската полиција, а на косовскиот премиер Албин Курти му порача да излезе од „човечката самоизолација“.
Рама истакна дека колку подолго уапсените припадници на косовската полиција „остануваат во Србија“, толку помали ќе се шансите „билатерални односи да не направат многу чекори назад“.
„И да ја поминале граничната линија не сториле никакво кривично дело“, беше оценката на албанскиот премиер.
E atëherë lamtumirë për kushedi sa kohë edhe kontrollit formal të shtetit mbi krejt territorin dhe ta gëzojmë një Republikë të KFORit në Veriun e Kosovës! Albin dil nga guacka e vetizolimit dhe mos e humb Veriun duke parë kudo armiq e tradhëtarë! Koha është tani dhe po fluturon!
— Edi Rama (@ediramaal) June 19, 2023
„Ова ќе биде недела на враќање на мразот меѓу нас доколку не бидат ослободени“, напиша албанскиот премиер Еди Рама на Твитер.
Од друга страна, доколку нема деескалација на Северот, Еди Рама посочи дека Косово ќе биде „голем губитник“.
Рама изрази страв дека премиерот на Косово, Албин Курти, ќе ја влоши ситуацијата уште повеќе ако „инсистира да работи на свој начин и против сојузниците“ и дека ќе го врати КФОР на задачата.
А потоа збогум, и да уживаме во Република КФОР на северот на Косово“, рече Рама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Успеавме да ги одложиме санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека САД го одложиле воведувањето санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за осум дена со цел, како што рече, „за да покажат почит кон Србија“.
„Им благодарам, сакаа да покажат почит, да ни кажат дека нè слушаат и ја разбираат нашата позиција. Благодарам за тоа, но дали добивме нешто суштинско? За седум дена, ќе го имаме истото прашање, а јас сè уште нема да го имам одговорот“, рече Вучиќ во Обреновац, каде што учествуваше на граѓанскиот марш против блокадите.
Тој додаде дека ќе има реакција од Србија и од самата НИС и кон американската страна и кон другите партнери кога станува збор за нови понуди.
„Верувам дека ова е добро, но дали ќе биде доволно и дали ова е она што го сакаат Американците – ќе видиме“, рече Вучиќ.
Санкциите на САД против НИС требаше да стапат во сила на 1 октомври, но рокот сега е одложен барем до 9 октомври.
фото: принтскрин
Регион
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Регион
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.