Македонија
(Видео) Митева: Проверка на потеклото на имот на политичарите е императив
Ковачевски неспособен да го реши проблемот со вработените во царинската управа и управата за јавни приходи, преку изјави во јавноста им се заканува на вработените. Ковачевски замислете вели ќе чекал резултати од проверката на имотна состојба на вработените, бидејќи сметал дека платите треба да се услогласат со имотот, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
„И сето ова немаше да звучи несоодветно доколу го кажуваше премиер кој вистински и прво за самиот себе го применуваше тоа што го бара од другите. Испитување на потеклото на имотот на вработените треба да се случи во сите органи на државната управа, во судството и обвинителството, но пред се, премиерот е тој кој што треба да покаже личен пример.
Дали ако го погледнеме анкетниот лист на Ковачевски, може да заклучиме дека неговата плата треба да се намали и за колку?
Додека јавноста чека одговори за безбројните скандали поврзани со власта на СДС и ДУИ, како Ковачевски и функционерите стекнаа толкав голем имот и ги проширија своите бизниси од позиција на власт, Ковачевски ги напаѓа вработените и бара проверка на нивниот имот.
Во недостиг на храброст да се поведе постапка за проверка на имот на политичарите, со цел да не се покаже пред јавноста како во Македонија функционерите од власта на ДУИ и СДС повеќекратно имаат зголем имот и банкарски сметки за време на нивното владеење, реперкусиите ги чувствуваат вработените. Додека инфлацијата го јаде животниот стандард, додека во Македонија се живее на работ на сиромаштијата, Ковачевски со ваквите изјави како да има цел да ги предомисли вработените од протести преку кои си ги бараат своите права кои воедно ги заслужуваат“ рече Митева.
Таа додаде дека иако секој релевантен извештај и секоја една ревизија на институциите се соочува со негативно мислење, каде детектирани се бројни злоупотреби и прекршувања на законите, власта одбегнува да поведе постапка пред се за одговорност, а потоа и за проверка на имотот.
Ваквиот начин на самоволие и деградирање, според Митева, е резултат на паниката и стравот во власта, дека како што вели, за многу брзо од денес ќе се соочат со реалноста, а тоа е пораз, а потоа и одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски, Обвинителството да отвори постапка
„Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони евра. По камуфлирањето на кусокот на 2.000 тони жито вреден 800.000 евра на владина седница од страна на Заев и Филипче, Љупчо Николовски веќе следната година му возвраќа за услугата на кланот Заеви со грант од 1,4 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 2022 година Компанијата „Тргопродукт“, која е во сопственост на кланот Заеви, добила грант вреден 1,4 милиони евра. Тоа е истата фирма на кланот Зaеви препознатлива под брендот „Мамас“.
Вредноста на грантот е близу 87 милиони денари или 1,4 милиони евра, и овој грант во тој момент бил втор најголем грант во историјата откако се работи со ИПАРД програмата.
Колку вакви криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски за своето владеење и колку народни пари се злоупотребени?
Дали Љупчо Николовски како тогашен министер интервенирал и им ја возвратил услугата на кланот Заеви за да добијат неповратен грант од ИПАРД програмата вреден 1,4 милиони евра?
Дали ова е меѓусебен дил на Заев и Николовски и колку вакви злоупотреби со тендери и грантови во нивната коруптивна шема постојат?
ЈО да отвори постапка и да ги истражи случаите.
Николовски како и Филипче се дел од корумпирана структура и дел од криминалните шеми на Заев и се додека СДС не се ослободи од овие компромитирани кадри не може да биде конструктивна опозиција која ќе биде додадена вредност во демократските процеси во државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Муцунски ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел
На покана на Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.
Министерскиот состанок претставува уште една можност министрите да разменат ставови во однос на донесените одлуки од Самитот на НАТО во Хаг, кои се важни за иднината на Алијансата, како и да разменат мислења за напредокот во зајакнувањето на индивидуалните способности и капацитети за овозможување ефективна колективна одбрана и безбедност.
Во фокусот на дискусиите се очекува да бидат разменети информации за заедничките напори за продолжување на континуираната поддршка за Украина, како и размена на ставови за одговор на актуелните безбедносни предизвици и закани, вклучително и дестабилизирачките активности на малигните актери и стратешките конкуренти, кои имаат за цел да ја нарушат воспоставената безбедносна архитектура и меѓународниот правен поредок, извести Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
На маргините на министерскиот состанок, предвидено е министерот Муцунски да оствари и повеќе билатерални средби, меѓу кои и со шефот на американската делегација, заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, како и да учествува на тематски состанок посветен на Коридорот 8.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од улица Коце Металец и Филип Филиповиќ (од улица Рударска до Трафиките за храна пред паркингот), без струја ќе останат и зградите на два Баќа градители и зградата на Ул.Коце Металец Бр2 (општина Гази Баба)
– во период од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Струшка (општина Карпош).

