Македонија
Со ДПМНЕ Скопје тоне на секое поле, зоолошката градина загуби шанса да стане европска, порачаа од СДСМ
Откако ДПМНЕ ја презема локалната власт во главниот град, Скопје тоне на секое поле, обвинуваат од СДСМ.
„Наместо да се развива Скопје со ДПМНЕ уназадува. Последниот скандал во Скопје е поврзан со Зоолошката градина. Во времето на СДСМ Зоолошката градина во Скопје доживеа неверојатен развој и успешно се менаџираше.
Со ДПМНЕ, наместо развој Зоолошката градина се соочува со низа проблеми и го изгуби кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини. Причината е неисполнување на договорите и нереализирани проекти. Тоа е вистинското лице на најнеспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје“ велат од владејачката партија.
Наместо модерно, како што наведуваат, скопјани добија уште една катастрофа приредена од ДПМНЕ.
„Нема реализација на ниту еден проект повеќе од 1.5 година. Нема бесплатен јавен превоз, нема нови 250 еко автобуси, нема нови мега паркови, а наследените проекти како Универзална сала, мостот на булеварот АСНОМ, БРТ не се релизираат“ порачаа од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20%, соопшти СДСМ
„ДПМНЕ не прифати покачување на платите на полицајците за 20%. СДСМ поднесе амандман за зголемување на платите на полициските службеници и на сите вработени во МВР за 20%, но власта на ДПМНЕ и пратениците од мнозинството го одбија“, велат од СДСМ.
„Полицајците се клучна алка за безбедност и сигурност на граѓаните, чувари на редот и мирот. Тие се секогаш во првите редови подготвени да го ризикуваат својот живот за државата и за сите граѓани.
Над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите неколку месеци што е јасен показател за значењето на полициските службеници за безбедноста и сигурноста на граѓаните.
Секаде во регионот има зголемување на платите во безбедносните сили, и тоа во Црна Гора платите се зголемени за 100%, во Србија 45%, во Босна и Херцеговина 40%, Албанија за 20%, Косово за 30 проценти. Само во Македонија не се ценат полицијаците, тие се понижени и деградирани од Тошковски и ДПМНЕ.
Власта на Мицкоски нема капацитет и ја влошува безбедноста на граѓаните а покажаа и дека воопшто не им е грижа за стандардот на полицајците ниту за понатамошен развој на Министерството за внатрешни работи
Нивната цел е само да го партизираат и да го злоупотребуваат МВР во партиски потреби за целосно враќање на МВРО-ВМРО“, соопштува СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија
Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија.
Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е на 21 километар од Кичево.
Македонија
(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица
„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор од владините функционери на ДПМНЕ коишто продолжуваат по стапките на нивните претходници од СДС“, велат од Левица.
„Прашањето на пратеникот од Левица, кое не наиде на одговор беше: Зошто и владата предводена од ДПМНЕ, наместо да ја укине т.н. мешовита историска комисија, која е надлежна да ја ‘ревидира’ историјата на Македонија – тие ја ‘реконструираат’, во целост го почитуваат францускиот предлог и договорот со Бугарија?!
За да избегнат одговор на ова прашање, функционерите од ДПМНЕ предизвикаа тепачка во Собранието, провоцирајќи, силејќи и пцуејќи го лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и неговото семејство“, соопшти Левица.