Црна хроника
Казнети 360 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (20.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 360 возачи. Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, од кои едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 202 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 158 надвор од населено место.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајден хашиш кај Италијанец на паркинг на Средно Водно, одреден му е притвор

Вчера околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен 27-годишниот Л.Т. од Република Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка 30-дневен притвор во КПУ Скопје.
Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.