Македонија
Демократски сојуз: Министерот за правда ја злоупотребил функцијата
Демократскиот сојуз бара одговорност од министерот за правда поради злоупотреба на службената положба со тоа што донел Упатство за водење на матичните евиденции во кое, покрај податоците утврдени со Законот за матични евиденции, додал нова графа во која се искажува и националната, односно етничката припадност.
„Во матичните евиденции не може да се менуваат податоците, тоа се законски решенија и никој не може да ги менува, дополнува уште помалку да додава графа за национална/етничка припадност. Ова што го направил министерот за правда е преседан и Упатството мора да го повлече. Националната/етничката припадност и определба е неприкосновено човеково право кое не може да биде изјавувано во официјален документ без промена на Законот и поширока поддршка од граѓаните“, реагираат од оваа партија.
Додаваат дека злоупотребите со балансерот при вработување треба да се спречат со укинување на овој неефикасен и дискриминирачки механизам, а не да се користат како изговор за менување на матичните евиденции без законска основа.
Според Демократскиот сојуз, националната/етничката припадност секаде во светот, вклучително и во земјите членки на ЕУ не се впишува ниту во изводите за матична евиденција (родени, венчани или умрени), ниту пак во документите за идентификација (лична карта, пасош, возачка дозвола итн).
Демократскиот сојуз ја повикува Владата веднаш да го повлече ова незаконско Упатство и да побара од Собранието разрешување на министерот за правда поради ова самоволие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бесплатен ќе биде јавниот градски превоз денес по 18 часот
ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“, кое денеска (сабота, 5 октомври 2024) ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот Скопје, во периодот од 18:00 часот од 2:00 по полноќ превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен.
Македонија
Бебе почина на Клиниката за детски болести во Скопје
Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, почина 14-месечно девојче. Околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“, (В.С.) 29-годишен маж од село Гошинце и неговиот брат, оштетиле инвентар во болницата откако починало детето на В.С., информира МВР.
Бебето било донесено со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот, а причините за смртта дополнително ќе се утврдуваат.
„Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено дека околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ В.С. (29) од с. Гошинце и неговиот брат Б.С. (35) од с. Гошинце оштетиле инвентар во болницата откако починала едногодишната ќерка на В.С., која, според пријавеното, била донесена со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.
Македонија
Поплави во Тетово, над 20 повици за помош добиле пожарникарите
Над 20 повици добиле ноќеска пожарникарите од Тетово за интервенци и испумпување на вода од поплавени куќи, дворови, подруми и улици. Најголем дел од поплавените куќи се во селата Мала Речица и Голема Речица. Интензивниот дожд траеше повеќе часа, а претпладнево нема врнежи.
Силниот и интензивен дожд што вчера попладнево и вечерва ја зафати Општина Тетово е причина за зголемување на бројот на повици до пожарникарите од страна на луѓе кои имаат потреба од нивна интервенција. Пожарникарите во текот на вчерашниот ден извлекуваа и неколку возила кои заглавиле кај поплавените подвозници.
Пред две недели, на 20 септември, силен дожд предизвика делумно поплавување на улици, дворови и куќи во градот како и во Мала Речица.