Забава
Во Вилијам сè уште тлее незадоволство од заминувањето на Хари и Меган, тврди кралски биограф
Принцот Вилијам, постариот син на кралот Чарлс Трети, во средата го прослави својот 41. роденден, а некои кралски експерти веруваат дека оваа пригода е горко-слатка за идниот крал.
Нарушената врска на принцот од Велс со неговиот помлад брат, принцот Хари, се продлабочи по експлозивните мемоари на војводата од Сасекс, објавени во јануари. Во книгата, 38-годишниот Хари пишува за своите битки со кралскиот живот, често со детали што ги креваат веѓите.
Браќата некогаш беа неразделни, поврзани со загубата на нивната мајка, принцезата Дијана и нивните кралски патувања. Отсекогаш се верувало дека браќата ќе продолжат да се поддржуваат еден со друг додека го продолжуваат својот пат во британската монархија.
Во приказната на Хари доминира ривалството со неговиот постар брат, како и смртта на нивната мајка. Хари опишува како додека растел го мачел статусот на „резервен крал“ зад Вилијам.
Хари раскажува за долгогодишното ривалство помеѓу браќата што се влоши откако Хари започна врска со американската актерка Меган Маркл, со која се ожени во 2018 година. Двојката замина од Велика Британија во 2020 година и се пресели во Калифорнија.

„Вилијам сè уште врие од огорченост и незадоволство поради ‘Мегзит’, а да не го спомнуваме и нималку привлечното портретирање во мемоарите на Хари“, изјави Кристофер Андерсен, автор на биографијата „Кралот: Животот на Чарлс Трети“, во интервју за „Фокс њуз дигитал“.
„Во книгата, Хари го портретира својот постар брат како негова ‘арнемеза’ – зборовите на Хари – прекорлив, препотентен, мрзоволен и, одвреме навреме дури и насилен човек.“
„Хари сè уште е очигледно вознемирен што Вилијам доби бесплатно возење затоа што тој е наследник – затоа што Вилијам се извлече без никакви штети правејќи многу од истите работи за кои Хари беше осудуван,“ вели Андерсен.

„Вилијам добро се снаоѓа со разделбата. Се чини дека ги стави Хари и Меган во кутија и ја турна кутијата во крајниот агол на својот ум – сето тоа за да може да ја врши работата што треба да ја врши како принц од Велс. “
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски знаци кои успеваат и кога се под најголем притисок
Постојат луѓе кои под притисок не губат концентрација, туку стануваат поефикасни. Според хороскопот, овие знаци најчесто успеваат дури и кога условите се најтешки:
Јарец – најдобро функционира кога е најтешко. Не се плаши од одговорност и секогаш останува рационален и смирен, користејќи го притисокот во своја корист.
Шкорпија – има силна внатрешна контрола и не паничи кога другите го прават тоа. Знае да ги анализира ситуациите и да донесе ладнокрвни одлуки.
Девица – логична, организирана и аналитична. Во кризни моменти не губи време, туку веднаш бара решение.
Овен – се мотивира кога ситуацијата станува сериозна. Притисокот кај него го буди натпреварувачкиот дух и ја засилува одлучноста.
Забава
Се скри зад долгата коса и брада: никој не го препозна познатиот актер на црвениот тепих
Познатиот британски актер Дејвид Трелфол ги изненади сите со своето најново појавување на црвениот тепих, каде што многумина не го препознаа. Со долга седа коса, брада и опуштен изглед – панталони, маица, сако и сив шал – актерот изгледал сосема поинаку од порано.
Трелфол е најпознат по улогата на Френк Галагер во серијата „Шејмлес“, но ретко се појавува во јавност и го чува приватниот живот подалеку од медиумите. Познато е дека од 1995 година е во брак со босанската актерка Брана Бајиќ.
Во новата серија „Смртта на Бани Манро“ тој го толкува ликот на постариот Бани, кој по самоубиството на сопругата се обидува да се справи со родителството и сопствената зависност од секс.
Забава
Француска казна за „мачор-престапник“ – сопственичка плати 1.250 евра бидејќи мачката одела кај соседот
Суд во францускиот град Безје ја казнил Доминик Валдије со 1.250 евра затоа што нејзиниот портокалов мачор Реми редовно одел кај соседот и правел штета — оставајќи траги од шепи, мокрејќи по ќебиња и вршејќи нужда во дворот. Пресудата предвидува и дополнителна глоба од 30 евра секој пат кога мачорот повторно ќе ја премине оградата.
Организацијата за заштита на животни (SPA) предупреди дека случајот може да создаде правен преседан што би ја ограничил слободата на мачките да се движат во својата околина и би ги одвратил луѓето од нивно вдомување.
Валдије вели дека сега го држи Реми затворен во куќата: „Се здебели и стана агресивен. Како да му е изречена домашна казна.“ Дел од соседите ја поддржуваат, оценувајќи дека пресудата е апсурдна и штетна за сите сопственици на животни.

