Црна хроника
Турски државјанин силувал скопјанка, поднесена кривична пријава

СВР Скопје– Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против С.А.(30) од Република Турција, со живеалиште во с.Пагаруша, општина Студеничани, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 186 од Кривичниот законик.
На 24.12.2022 околу 03.30 часот на ул.„Кирил и Методиј” во Скопје физички нападнал 24-годишна скопјанка, ја допирал по телото и се самозадоволувал.
По преземени мерки, било утврдено дека тој е извршителот и на 21.06.2023 тој бил лишен од слобода и по брза постапка против него е поднесена кривична пријава, по што е предаден на надлежен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.