Регион
Рама: Албанија ги прекинува сите односи со Србија

Албанскиот премиер Еди Рамa рече дека „Албанија не е и никогаш не може да биде нотар на политиката што ја следи Косово” и дека Албанија ги прекинува сите односи со Србија, сѐ додека не се ослободат косовските полицајци.
Додаде дека нема личен проблем со косовскиот премиер Албин Курти, но рече дека работите меѓу земјите веќе не се како што треба.
Според Рама, доколку Албанија се смета за „големиот брат“ на Косово, нејзината обврска е да ги каже работите отворено онакви какви што се. А вистината, според Рама, е дека работите за Косово во неговите меѓународни односи се многу лоши.
„За мене е многу јасно што се случи. Албин не сакаше директно соочување на оваа тема бидејќи чита анкети и е задоволен што неговите поени растат. Меѓутоа, Албанија не е нотар и никогаш не може да биде нотар на политиката што ја следи Косово. Наша должност е да ја кажеме вистината и да стоиме на своето. Албанија е посебна земја која има свои интереси“, изјави Рама
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин