Црна хроника
Скопјанец излажал цела фамилија дека е полицаец за да добие подарок
Во СВР Скопје вчера 36-годишен скопјанец пријавил дека тој, неговиот татко и неговиот брат биле измамени од едно лице, кое се претставувало дека е полициски службеник и дека ќе им помогне за случај од пред неколку години, при што им побарал мобилен телефон како подарок за обвинител.
Според пријавеното, како што информираат од МВР, на почетокот на април оваа година лицето дошло со брат му во нивниот дом и претставувајќи се дека е полициски службеник, им ветил дека преку обвинител ќе може да им помогне за случај од пред неколку години, во кој биле измамени од друго лице.
Како што е пријавено, за услугата тој им побарал мобилен телефон како подарок за обвинителот, а откако му го дале телефонот продолжиле со комуникација до крајот на мај, од кога лицето станало недостапно, по што сфатиле дека се измамени.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

