Македонија
Времето денес сончево, в среда дожд и грмежи

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. UV=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 31 степен.
В среда кон крајот на денот ќе има дестабилизација со локален пороен дожд и грмежи. В четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а од петок температурата повторно ќе биде во пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ со осуда: Дискриминаторско и моноетничко вработување во филијалата на ЕСМ во Струга и Хидроцентралата во Дебар

„Демократската унија за интеграција со длабока загриженост реагира на најновите вработувања во филијалата на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) во Струга и во Хидроцентралата во Дебар, каде што е спроведена неприфатлива пракса на етничка дискриминација и исклучување на Албанците“, велат од ДУИ.
„Во филијалата „Црн Дрим“ во Струга, се ангажирани 23 лица со привремени договори за вработување – сите од македонската заедница, а ниту еден Албанец, иако Албанците сочинуваат значителен дел од населението во овој регион.
Истовремено, во хидроцентралата „Шпилје“ во Дебар се реализирани 8 нови вработувања – повторно без вклучување на ниту еден граѓанин Албанец.
Овие случувања укажуваат на координиран и намерен модел на институционална дискриминација и исклучување и претставуваат директен напад врз принципите на правична застапеност и еднаквост при вработување, кои се загарантирани со закон и со Устав.
Уште позагрижувачка е тишината и соучесништвото на остатоците од ВЛЕН во Владата, кои ги гледаат моноетничките вработувања на ВМРО, но не успеваат да обезбедат ниту едно работно место за народот кој тврдат дека го претставуваат.
ДУИ им упатува итен повик на раководството на ЕСМ и надлежните институции да дадат јавно објаснување и да преземат конкретни мерки за исправување на оваа неправда.
Практиките на вработување во јавните претпријатија не смеат да се претворат во алатки за етничко фаворизирање и партиски клиентелизам.
Во една демократска држава, еднаквоста при вработување не е привилегија, тоа е основно право. Затоа не смееме а да молчиме пред ваквото понижување“, се додава во соопштението на ДУИ.
Македонија
Дел од Аеродром и Студеничани денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов крак – 5, општина Аеродром;
– од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на потегот од Китка кон Солунска Глава, вклучувајќи ги и викендиците на Китка и местата: Алдинци, Преслап, Палиград и Караџица, општина Студеничани.
Македонија
Променливо облачно и топло со сончеви периоди, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со умерен југозападен ветер. Под влијание на нов влажен бран во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен дожд (над 30л/м2), проследен со грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.