Скопје
Градот Скопје стана првата локална самоуправа што набави службен електромобил

Градот Скопје стана првата локална самоуправа во Република Македонија што набави патнички автомобил на електричен погон (електромобил) за потребите на градската администрација.
Новото електрично возило коешто е од марката Nissan Leaf во петок го промовираа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.„Со набавката на овој електричен автомобил Градот Скопје стана првата локална самоуправа во Република Македонија што набавила електрично возило. На овој начин ја потврдуваме заложбата за електромобилност во Скопје, со примена на нови технологии, движење со нула емисии на штетни издувни гасови, почиста и поздрава животна средина и намалување на трошоците за одржување“, рече градоначалникот Трајановски.Станува збор за возило со пет врати, со електричен серво управувач, со моќност на моторот од 80 киловати и батерија од 24 kwh. Со обичен приклучок возилото се полни околу 10 часа, а со посебен приклучок – за околу 4 часа. Целосното полнење на батеријата (на евтина струја) чини 67 денари, со која автомобилот поминува 190 километри. Она што е најважно е што емисијата на јаглероддиоксид е 0 проценти.За набавка на овој електричен автомобил Градот Скопје потроши околу 1,8 милиони денари со ДДВ. Возилото е набавено од фирмата ТД „Ка-дис“ ДОО Скопје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.30 часот, објектите на фирмите Сојуз на Здружение на Возачи и Елмиго, корисниците од улиците Драчевска, Андреја Петковиќ, Славка Динкова, Гандиева, Ниже Планина, Јакупица, Атанас Разлов и корисниците од околните стопански и нестопански објекти, општина Кисела Вода, како и корисниците од ул. Иван Цакар – поголем број од парните броеви, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Герасимовски: 100 семејства добија 7.000 денари парична помош за новороденчиња, го поддржуваме родителството

Во Паркот на Франкофонијата, Општина Центар денеска додели еднократна парична помош од 7.000 денари на 100 семејства со новороденчиња. Градоначалникот Горан Герасимовски лично им ги врачи решенијата на родителите, со што уште еднаш ја потврди заложбата на општината да биде активен партнер во поддршката на родителството уште од самиот почеток.
„Да се стане родител е најголемата чест, но и најголемата обврска. Затоа сме тука – да ви подадеме рака, да ве охрабриме и да ве потсетиме дека не сте сами на овој пат. Грижата за децата не е само семејна одговорност – тоа е наша заедничка мисија. Како локална самоуправа, знаеме дека секој ден со дете е предизвик, но и благослов. Затоа, редовно, секоја година доделуваме еднократна помош од 7.000 денари за да ви го олесниме почетокот, барем малку. Денеска добиваме 100 нови причини да се бориме за подобро, побезбедно и похумано секојдневие. Овој парк денес е полн со детска енергија, насмевки и надеж. И тоа е сликата што ја сакаме за Центар – место за живот, љубов и иднина“, истакна градоначалникот Герасимовски.
Еднократната помош е дел од редовната поддршка што Општина Центар ја доделува на новите родители, во рамки на проектот за првична финансиска и морална поддршка на семејствата со новороденчиња.
Македонија
Масовно непрописно фрлање кабаст и градежен отпад на јавни површини, велат од „Комунална хигиена“ – Скопје

ЈП Комунална хигиена Скопје информира за масовно непрописно одлагање кабаст и градежен отпад на јавни и сообраќајни површини.
„Дрскоста на несовесните и неодговорно граѓани оди до таму што иако знаат дека согласно закон контејнерите се исклучиво за комунален отпад од домаќинствата, се исфрла градежен, кабаст и други видови отпад со кои сериозно се нагрдува градот, се загадува животната средина и загрозува здравјето на граѓаните.
Многу често контејнерите се преполни со кабаст и градежен отпад поради што останатите граѓани не можат да го одложат комуналниот отпад прописно, а зачестени се и појавите на непрописно одлагање отпад покрај садовите кога тие се сосема празни“, велат од Комунална хигиена Скопје.
„ЈП Комунална хигиена Скопје на терен задно со инспекциските служби на град Скопје има затекнато и казнето при непрописно и неконтролирано фрлање отпад над 600 лица во изминатите 4 месеци, и апелира за зголемена свесност да не се исфрла отпадот на јавни површини со што се создаваат диви депонии и се загрозува животна средина.
Од почетокот на годинава, екипите на претпријатието подигнаа над 3500 кубни метри отпад одложен на јавни и сообраќајни површини, а само во текот на месецот април се отстранети 950 кубни метри отпад од диви депонии покрај контејнерите, составен од кабаст и градежен отпад.
Ги информираме граѓаните дека секое исфрлање отпад надвор од наменски поставените садови претставува прекршување на Законот за јавна чистота и подлежи на санкции, исто како и фрлањето друг отпад освен комуналниот од домаќинствата. Контејнерите поставени на јавни површини се наменети исклучиво за одлагање мешан комунален отпад и во истите не смее да се одлага кабаст или градежен отпад.
Согласно Законот за јавна чистота, граѓаните и правните субјекти се ОБВРЗАНИ градежниот отпад да го одложат преку лиценцирано лице или директно на депонијата Дрисла и со истиот не смее да се загадува низ градот, во или покрај контејнерите поставени на јавни површини.
Во ЈП Комунална хигиена Скопје жителите на градот Скопје БЕЗ паричен надомест можат да го одложат својот кабаст отпад, во кој спаѓа мебел, електронските и електричните апарати, односно можат да го одложат во Центарот за селекција на отпад во Карпош секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот“, соопшти Комунална хигиена Скопје.