Економија
ФИТР: Три милиони денари се доделуваат на млади истражувачи за реализација на зелени проекти
Вкупно шеснаесет основни и средни училишта од целата држава ќе реализираат зелени проекти за зачувување и унапредување на животната средина и биодиверзитетот. Проектите се наградени во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи #5 – зелени проекти“, кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој.
Во рамките на предизвикот десет проекти на основни училишта се одобрени за финансирање: ООУ „Сабедин Бајрами“ од с. Камењане, ООУ „Александар Урдаревски“ од Чучер Сандево, ООУ „Страшо Пинџур“ од Карбинци, ООУ „Браќа Миладиновци“ од Струга, ООУ „Киро Глигоров“ од Скопје со два проекта, ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево, ООУ „Чајла“ од Гостивар, ООУ „11 Октомври“ од Скопје и ООУ „Даме Груев“ од Струмица.
Во категоријата средни училишта одобрени се шест проекти за финансирање: Гимназија „Ведра“ од Скопје, СОУ „Киро Спанџов-Брко“ од Кавадарци, ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ од Скопје, СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ од Скопје, Приватно средно училиште „“Јахја Кемал“ од Скопје и СУГС „Сарај“ од Скопје.
„Особено ме радува фактот што младите покажаа дека сакаат предизвик, сакаат да истражуваат и да креираат позитивни промени за општеството. Фондот како институција е секогаш на страна на креативните и иновативните идеи и посветено работиме на создавање можности за младите да ги покажат својата креативност, критичкото мислење и да стекнат вештини кои создаваат вредност. Со денешните наградени училишта досега преку предизвикот за млади истражувачи имаме поддржано 139 училишта од целата држава, во која се опфатени над 900 ученици и ментори. Фондот ќе продолжи и во иднина да поддржува програми и проекти, кои имаат цел да ги поддржат младите и креативни умови за кои сигурен сум дека поседуваат огромен потенцијал и ќе создадат подобра иднина“, изјави Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.
При селекција на проектите предност имаа проектите со интердисциплинарен карактер, кои предвидуваат инклузивен пристап во формирање на тимовите, односно имаат еднаква родова застапеност, вклучуваат деца со различна етничка припадност, деца со посебни потреби, деца од разни возрасти и слично и се поднесени од училишта од рурални средини.
Во текот на наредните 12 месеци проектните тимови ќе ги изработуваат истражувачките проекти од областите на природните и техничките науки. Процесот на истражување треба да се основа на научен метод, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување.
Вкупниот буџет за овој предизвик изнесува 3 милиони денари, а максималниот буџет за поединечен предлог проект изнесува до 200.000 денари. За наставниците што ќе ги водат ученичките тимови, ќе биде обезбедена награда во износ од 30.000 денари, наменети за набавка на дигитална опрема применлива во наставниот процес.
На предизвикот пристигнаа вкупно 57 предлог-проекти, а целосната листа на наградени училишта е достапна на:
https://fitr.mk/wp-content/uploads/2023/05/Dobitni-proekti-Predizvik-za-mladi-istrazuvaci-SREDNI.pdf
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-30/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по фармација
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
· Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
· Молба
· Кратко CV
· Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12
1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта.
4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Фармацевтски факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).
Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-32/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по медицина
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
· Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
· Молба
· Кратко CV
· Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта. 4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Медицински факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ). Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Економија
Фероинвест на „Енерго Технома 2025“ – претставено искуството од првата лиценцирана батерија на електрана во Македонија
На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку партнери, а изведена од ФЕРОИНВЕСТ.
Бројни сопственици на фотоволтаични електрани се заинтересирани за поставување батериски системи за складирање електрична енергија на нивните објекти, по примерот што го реализираше ФЕРОИНВЕСТ, кој е ексклузивен застапник за Македонија на батериите од глобалниот бренд WHES (WEIHENG).
Инженерскиот тим на саемот ги запозна инвеститорите со искуството од првите недели на работењето на батеријата, кое покажа дека е постигната двојно повисока цена за продажба на електричната енергија, во споредба со фотонапонска електрана без батерија. Ова значи дека инвестицијата во батеријата ќе се исплати за само три години, а дополнително ќе ја подобри вкупната исплатливост на електраната.
Батеријата овозможува складирање на електричната енергија во текот на денот, кога има високо производство од сонце, а пазарните цени се ниски, и користење или продажба во ноќните часови, кога нема сончево производство, а побарувачката и цените се значително повисоки.
На овој начин, батериите создаваат добивка за производителот, односно за електраната, а истовремено му помагаат на електроенергетскиот систем на Македонија, штитејќи го од преоптоварување со прекумерни количини енергија во критичните часови од денот.
Овој тренд, кој произлегува како последица од инсталирањето на поголем капацитет на фотоволтаични електрани од реално потребниот, ФЕРОИНВЕСТ го согледа уште пред две и пол години и започна со истражување и инвестирање во развој на батериски системи.
Батерискиот систем на фотонапонската електрана во Гиновце претставува првата батерија во Македонија која има градежна дозвола, согласност за приклучок на мрежа и лиценца за складирање електрична енергија, согласно новите законски одредби што ја уредуваат оваа нова област на енергетската транзиција во земјава.
Батерискиот систем е поставен на фотонапонската електрана во Гиновце, во близина на Крива Паланка.
Електраната има инсталирана моќност од 4,5 MW (мегавати) и батериски систем со капацитет од 6,1 MWh (мегаватчаса), со кој секојдневно управува ФЕРОИНВЕСТ преку сопствен систем за програмирање и контрола.
(ПР)
Економија
Децата од градинката „Пролет“ во посета на МИНТ финтек-групацијата по повод Денот на штедењето
По повод 31 октомври – Светскиот ден на штедењето, МИНТ Финтек Групацијата ги отвори вратите на своите главни канцеларии во Битола и организираше посета за најмладите, децата од детската градинка „Пролет“.
Во духот на едукацијата и добрите финансиски навики, децата имаа можност да се запознаат со симболиката на штедењето и да научат како преку мали чекори може да се создадат големи навики. Со нивните насмевки и прашања за тоа „како растат парите“, денот доби најубава смисла.
Секое дете доби специјално дизајнирана Mint касичка – со мотиви од вселената и природата – симбол на љубопитност, раст и одговорност. Покрај тоа, децата изработија и цртежи на тема „штедење“ кои останаа изложени во канцелариите на компанијата како потсетник дека најубавите инвестиции се оние во иднината.
„Во Mint Fintech Group веруваме дека финансиската писменост почнува уште од најрана возраст – преку игра, боја и инспирација. Затоа секоја година на овој ден сакаме да им ја приближиме на децата идејата за штедење како нешто убаво, креативно и значајно,“ велат од компанијата.
Настанот беше организиран во соработка со воспитувачите од ЈОУДГ „Естерија О. Мара“ – објект „Пролет“, а ќе продолжи и утре во знак на Денот на осигурувањето, со нови активности посветени на безбедноста и довербата.
Mint Fintech Group продолжува да вложува во развојот на финансиската едукација и општествената одговорност, градејќи култура на штедење и доверба меѓу најмладите генерации.
(ПР)

