Контакт

Свет

Протести против полициската бруталност во Франција: не престануваат немирите поради убиството на 17-годишното момче

Објавено пред

Во неколку француски градови денеска повторно избувнаа протести против полициските акции откако еден ден претходно полицаец пукаше во автомобил и уби 17-годишник, јави ТВ БФМ.

dobivaj vesti na viber

Посебни групи луѓе почнале да излегуваат на улиците, а корисниците на социјалните мрежи објавуваат снимки од густ црн чад во Тулуз поради пожарите што ги подметнале демонстрантите.

50-ина луѓе во градот излегле на улица и почнале да ја напаѓаат полицијата фрлајќи со камења. Полицијата одговорила со солзавец.

Во Лил стотина луѓе се собрале на протест пред градското собрание. Демонстрантите запалија канти за ѓубре.

Полициски извор изјавил за француски ТВ-канал дека тие биле вооружени со камења и планирале подоцна да почнат протест „против полициската бруталност“.

Париската префектура исто така пријави одделни немири, кои засега се локализирани, истакнувајќи дека полицијата е фокусирана на ситуацијата во Нантер и департманот Hauts-de-France. Немири избувнале и во комуната Вири-Шатилон во департманот Есон. Демонстрантите таму го запалиле автобусот.

Свет

Сијарто: Односите меѓу Унгарија и Луксембург се карактеризираат со меѓусебно почитување

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека односите меѓу таа земја и Луксембург од неодамна повторно се карактеризираат со меѓусебно почитување.

dobivaj vesti na viber

„Обеменот на билатералната трговија се зголеми четирипати во изминатата деценија. Подобрувањето на конкурентноста на ЕУ е заедничка цел, затоа ги поддржуваме мерките неопходни за функционирање на светскиот трговски систем заснован на правила, без вештачки бариери“, соопшти Сијарто.

Сијарто го пречека својот луксембуршки колега Ксавиер Бетел во Будимпешта првпат во неговиот децениски мандат.

Прикажи повеќе...

Свет

Молдавија: Русите во камповите во БиХ и Србија обучуваа луѓе да предизвикуваат немири

Објавено пред

Полицијата на Молдавија извршила рации во кои уапсила лица за кои тврдат дека биле обучени во Русија, но и на територијата на БиХ и Србија, за предизвикување немири, кои би ја дестабилизирале таа земја, а тоа повторно го отворило прашањето за постоењето илегални кампови за обука, што претходно го предупреди министерот за одбрана на Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

На веб-страницата на Министерството за внатрешни работи на Молдавија беше објавена информација во која се вели дека во средата извршиле 88 рации во целата земја откако полициските истражители ги документирале активностите на криминална група од јули 2024 година, чии членови планирале кулминација на масовните немири околу претседателските избори и на уставниот референдум за пристапување во Европската Унија закажан за 20 октомври 2024 година.

При рациите полициските службеници одзеле парични средства во разни валути во износ од над 320 илјади евра, предмети за кои било наведено дека се наменети за организирање масовни немири и списоци на активисти, летоци, лаптопи, телефони, облека со разни натписи, картички на банките на Руската Федерација, како и билети за лет на авионот на релација Кишињев – Истанбул – Москва.

За време на испрашувањето на младите што ги затекнале во рациите, полициските истражители откриле дека тие биле на обука во пансион во предградијата на Москва. Во јуни повеќе од 100 млади од Молдавија учествуваа на ваква обука под изговор дека учествуваат во програма за културен туризам, а во Русија ќе се обучуваат за тактика на национална поделба, како и дестабилизација на уставниот поредок, употреба на оружје и физичка пресметка со полицијата за време на протести, производство и употреба на запаливи предмети и рачно изработени експлозиви и ракување со дронови.

„Типот на обука што им се нуди на граѓаните на Република Молдавија укажува на навредливи акции во контекст на масовни акции насочени кон создавање провокации и паника“, се вели во полициското соопштение.

Тие тврдат дека обуката ја спроведувале странски инструктори поврзани со паравоени групи, како „Вагнер“ и „Ферма“, а во исто време некои учесници биле избрани за понапредна обука во герилските кампови, одржани во Босна и Херцеговина, како и во Србија. Најголемиот дел од таа обука наводно се одржал од почетокот на септември до средината на октомври.

Во моментот четворица молдавски државјани, кои биле обучени во герилски кампови од Босна и Херцеговина, како и од Србија, се во триесетдневен притвор, соопшти молдавската полиција.

Прикажи повеќе...

Свет

Хезболах: Влегуваме во нова фаза од борбата со Израел

Објавено пред

Хезболах вели дека влегува во нова фаза во својата борба против инвазивните израелски трупи додавајќи дека во последните денови почнал да користи ново оружје.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението на Хезболах се вели дека борците на групата првпат користеле нови типови на прецизно наведувани ракети и експлозивни беспилотни летала, според медиумите во регионот.

„Почнуваме нова фаза во војната против Израел. Во оваа фаза првпат користиме ракети со прецизно наведување како додаток на нов тип самоубиствен дрон“, се наведува во соопштението.

„Ги лансиравме артилериските гранати на позициите на израелските непријателски војници откога ги забележавме на периферијата на градот Кфар Кила. Вторпат бомбардиравме собир на непријателски војници во близина на градот Аита ал-Шааб додека тие се обидуваа да ги евакуираат мртвите и ранетите“, се додава.

Групата исто така претходно оваа недела објави дека лансирала нов тип ракета наречена „Кадер 2“ кон предградијата на Тел Авив.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

ДУИ: Од 34 универзитетски клиники, само три ги водат албански медицински директори, „Вреди“ уништува сè што беше постигнато во здравството

Од доаѓањето на ВРЕДИ на власт до денес, за 100 дена ги демолираа и продолжуват да демолират се што беше...

Македонија2 часа

МВР изгубило два дена од потрагата по Вања на проверка на момче од Шведска, со кое контактирала на интернет, трагата не водела никаде

Началникот на единицата за насилен криминал, Дејан Димовски, во денешното продолжение на судењето за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорческа и...

Македонија3 часа

100 килограми небезбедно месо, продажба на замрзната чорба, вработени со неважечки санитарни книшки, откриле вонредните контроли на АХВ во Куманово

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ)...

Македонија4 часа

(Видео) СДСМ бара разрешување на Христовски од АНБ: „Тој е партиски кадар и пропагандист на ДПМНЕ“

„Со назначувањето на Бојан Христовски власта на Мицкоски и ДПМНЕ прави опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност и ги...

Македонија4 часа

Со нови сведоци продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Како и претходно,...

Европа6 часа

(Видео) Се преврте автобус во Турција, шест лица загинаа

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени при превртување на туристички автобус во Аксарај, Турција. Туристичкиот автобус од непозната...

Свет6 часа

Како Израел го пронајде и уби лидерот на Хамас

Израелската војска повеќе од една година трага по лидерот на Хамас, кој исчезна во Газа набргу откако го организираше масакрот...

Свет8 часа

Турски министер: Евентуалната војна меѓу Израел и Иран е сериозна закана за регионот

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан изјави дека евентуална војна меѓу Израел и Иран треба да се смета...

Свет8 часа

Ким Џонг-ун: Јужна Кореја е странска и непријателска земја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека Јужна Кореја е странска и непријателска земја, објавија државните медиуми. Забелешките доаѓаат еден...

Свет8 часа

(Видео) Израелците веат знамиња и танцуваат на улиците, смртта на лидерот на Хамас се славеше и на плажите

Убиството на Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, предизвика прослави на улиците на Израел. Граѓаните блокираа улици во Израел. Неколку...

Свет8 часа

(Видео) Снимени последните моменти на првиот човек на Хамас, фрли стап кон дронот

Израел објави дека Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, е убиен во Рафа во Појасот Газа. Израелците тврдат дека цел...

Скопје22 часа

Град Скопје: Суетата на Мицкоски е поважна од потребите на граѓаните, одлуката да не се доделат средства за проектите ја потврдува секташката ментална состојба на владата

Одлуката на Владата да не додели средства за проектите за кои аплицираше градот Скопје уште еднаш ја потврдува секташката ментална...

Топ22 часа

(Видео) Уапсени 13 лица за проституција и дрога во Тетовско и Охрид, едно лице е во бегство

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР заедно со истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, а под...

Македонија22 часа

Јакимовски до Јаневска: И се извинувам што ја нареков „северџанка“, мора да разговараме и заедно да обезбедиме услови за нормално функционирање на училиштата во Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја...

Македонија1 ден

Струмица не доби пари оти конкурирала со веќе почнат проект, Мицкоски апелира до 16 ноември да поднесат нови проекти

Четирите локални самоуправи што не добија пари од унгарскиот кредит, Струмица, Град Скопје, Сарај и Теарце, до 15 ноември може...

Македонија1 ден

Филков ја разбира нервозата на Лога: Понатамошниот дијалог ќе се одвива пред надлежните органи

Министерот за правда, Игор Филков, стои зад вчерашните изјави дека неговиот претходник, Кренар Лога, пред да замине од функцијата со...

Топ1 ден

МВР го објави идентитетот на загинатите во сообраќајката кај Катланово, сите се велешани

Три лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи вчера на  автопатот Скопје – Велес, пред тунелот...

Македонија1 ден

Минчев: Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на првата трибина во рамките на Платформата „100 oтсто Посветено за тебе“, одржана...

Македонија1 ден

Таравари за случајот со починатото бебе: Докторите направиле превид, директорите да преземат мерки

Немам ингеренции да избркам некого од работа, но инсистирам директорите на Детската клиника и на болницата „Козле“ да преземат мерки...

Топ1 ден

Жител на Кочани осомничен за насилство: во училиштен двор удирал дете со тупаници, подоцна со клоци нападнал полицаец

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Насилство...