Регион
Масовниот убиец Коста побарал фризер и честопати прашувал кога ќе излезе

Коста Кецмановиќ, 13-годишникот кој уби девет соученици и еден чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, е сместен на опсервација и психијатриско лекување во здравствена установа, но момчето неколкупати го менувало однесувањето по примањето во установата.
Сега побарал да повика некој да му ја скрати косата, пренесуваат српски медиуми.
„Само одеднаш им се обрати и им рече: ‘Повикај некој да ми ја скрати косата! Не ми се допаѓа како изгледам’. Сите ние бевме шокирани“, изјавил извор за порталот Republika.rs.
Во установата момчето првин покажало присебност и тоа расположение траело повеќе од еден месец. Не покажувал знаци на каење, а најмногу прашувал кога ќе може да го користи компјутерот и да игра игри.
Сепак, пред неколку дена го променил расположението и станал далеку понервозен. Сè почесто поставувал прашања, имено кога ќе биде ослободен, што патем според властите на прогонот тоа не е во план.
„Момчето убиец се гледа себеси како нормална личност и така си зборува. Притоа, тој сè уште не покажува каење за бруталното масовно убиство, ниту некаква емоција кон убиените пријатели или неговото семејство, кои исто така ги стави во страшна ситуација, особено неговата помала сестра, која не е ниту виновна ниту одговорна за ова“, додал неименуваниот извор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.