Македонија
ДУИ в недела ќе избира претседатели на разграноци

Демократската унија за интеграција ја известува јавноста дека на 2 јули, недела, ќе одржи внатрепартиски избори за консолидација на нејзините партиските тела во 14 разграноци со примена на демократскиот принцип еден член, еден глас.
„По успешно завршениот процес на регистрација на членството, проверката и објавувањето на кандидатурите и изборната кампања на кандидатите што завршува денес, в недела го повикуваме членството на Демократската унија за интеграција слободно да се изјасни за новото раководство на разграноците во Бутел, Чаир, Дебар, Јегуновце, Кичево, Крушево, Куманово, Липково, Битола, Петровец, Пласница, Преспа, Шуто Оризаре, Велес“, велат од ДУИ.
Во текот на овој изборен процес се гласа за избор на претседатели на разграноци, членови на раководството на разграноците, претседатели на локалните подразграноци и членови на раководството на локалните подгразраноци, процес што ќе го води партиската изборна комисија.
Од ДУИ велат дека со примената на овој модел при изборот на партиските органи се докажуваат демократскиот пристап и капацитетот на Демократската унија за интеграција.
Демократската унија за интеграција им посакува успех на сите кандидати во изборната трка на 2 јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце се чека до половина час а на Богородица и Дојран до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Дојран и Богородица време на чекање за излез е 10 – 15 минути, а на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е 20 – 30 минути.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
СДС и на Велики Петок шири тешки лаги и клевети, покачените плати ќе бидат исплатени во вторник, велат од ВМРО-ДПМНЕ

На Велики Петок, на најтешкиот ден во Христијанството, СДС продолжува со тешки лаги и клевети, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС е партија, каде Филипче ја чува фотељата на главниот шеик Заев, додека ги размножува милионите во Дубаи.
СДС да не прави политика од рецидивите на катастрофата која ја оставија“, порачуваат од партијата на власт.
Покачените плати, најавуваат, ќе бидат исплатени во вторник.
Македонија
Кога културното наследство ќе стане бизнис план, тоа веќе не е култура, туку пазар, велат од СДСМ

Министерот за култура, Зоран Љутков, сериозно предложи културното наследство да му се препушти на бизнис секторот. Вредностите што ја раскажуваат нашата историја, кои ја обликуваат нашата колективна меморија и идентитет, да се третираат како деловна зделка. Како имот за експлоатација. Како недвижност, не како духовна вредност, велат од СДСМ.
Според нив, ова не е незнаење. Тоа е опасна идеологија и не смее да помине тивко.
„Културното наследство не е хотел. Не е трговски центар. Не е парче земја за инвестиции. Тоа е ткивото од кое сме составени како народ, како заедница, како држава. Не се мери со профит, туку со значење.
Ако му го препуштиме на пазарот – ќе го изгубиме. Зградите ќе останат, ама ќе нема кој да ја раскаже приказната. Ќе имаме споменици без смисла, и туристички рути без душа.
Господине Љутков, културното наследство не се „оправува“ со ППП(Public-Private Partnership) или со приватен партнер. Се чува со љубов, со знаење, со стручност и со јасна визија“.
Културното наследство, како што додаваат од опозициската партија, не е само трага од минатото, тоа е жива врска што нè поврзува со корените, идентитетот и колективната свест.
„Да го зачуваш значи да ја зачуваш душата на еден народ, неговото право да се памети и да постои.
Ние имаме обврска културното наследство да го одржуваме негуваме и да им го предадеме на идните генерации. А ако не го разбирате тоа – време е да си заминете.