Спорт
Локомотива Загреб го претстави Фета Фетаи

Младинскиот репрезентативец на Македонија и досегашен член на Работнички, Фета Фетаи, од денеска е нов фудбалер на хрватскиот прволигаш Локомотива Загреб.
„По потпишувањето на договорот со Локомотива Загреб, ја користам можноста од се срце да му се заблагодарам на Работнички! Искрено им благодарам на стручниот штаб и на управата, кои толку многу веруваа во мене и ми дадоа можност да ги бранам боите на клубот на многу натпревари, на неполни 18 години. Горд сум што бев дел од Работнички во овие две години и од овој клуб правам толку голем чекор и трансфер во мојата кариера.
Исто така, искрено им благодарам на раководството на Локомотива Загреб, тим со голема традиција во хрватскиот фудбал, што веруваше во мене, додека се надевам дека за оваа доверба ќе им вратам со многу посветеност и напорна работа на тренинзи и добри настапи на натпреварите“, изјави Фета Фетаи по потписот на договорот.
Фетаи минатиот шампионат одигра 13 натпревари за Работнички и веднаш успеа да го покаже својот талент правејќи и трансфер во странство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Најплатениот фудбалер во Премиер лигата заработува 2,5 милиони евра месечно

По повод почетокот на новата сезона, англиските медиуми објавија листа на Топ 10 најплатени фудбалери во Премиер лигата.
Ерлинг Халанд од Манчестер сити има највисока плата во Премиер лигата. Норвежанецот добива 525.000 фунти (610.000 евра) на својата сметка секоја недела.
На месечно ниво, тоа е околу 2,44 милиони евра!
На второто и третото место најплатени е тандемот на Ливерпул, најдобриот стрелец на тимот Мо Салах и капитенот Вирџил ван Дајк.
Четврти е Бразилецот од Манчестер јунајтед, Каземиро.
Погледнете ја листата на Топ 10 најплатени фудбалери во Премиер лигата
– бројките претставуваат неделни плати во фунти.
1. Ерлинг Халанд (Манчестер сити) – 525.000 фунти неделно
2. Мохамед Салах (Ливерпул) – 400.000 фунти неделно
3. Вирџил ван Дијк (Ливерпул) – 350.000 фунти неделно
3. Касемиро (Манчестер јунајтед) – 350.000 фунти неделно
5. Рахим Стерлинг (Челзи) – 325.000 фунти неделно
6. Бернардо Силва (Манчестер сити) – 300.000 фунти неделно
7. Бруно Фернандес (Манчестер јунајтед) – 300.000 фунти неделно
8. Џек Гралиш (Манчестер сити) – 300.000 фунти неделно
9. Омар Мармуш (Манчестер сити) – 295.000 фунти неделно
10. Каи Хаверц (Арсенал) – 280.000 фунти неделно
Спорт
(Видео) Киеза спречи изненадување на „Енфилд“

Новата сезона во Премиер лигата започна со натпреварот помеѓу шампионот Ливерпул и Борнмут. По голема борба, „црвените“ победија на „Енфилд“ со резултат од 4:2.
Првото полувреме беше резервирано за Уго Екитике, Французин чии способности беа доведени во прашање поради парите што беа издвоени за него.
Напаѓачот на домашниот тим беше сеприсутен. Веќе по 10 минути од играта, тој беше во крупен план откако Сенеси играше со рака и со тоа го спречи противникот да има еден на еден со голманот Ѓорѓе Петровиќ.
По проверката во ВАР собата, беше утврдено дека нема основа за црвен картон, првата контроверзна одлука во Премиер лигата оваа сезона што вклучуваше видео преглед.
Екитике не дозволи оваа ситуација да го исфрли од ритам и до крајот на полувремето токму тој ја затресе мрежата откако топката буквално му се залепи за ногата, по што следеше ладнокрвен финиш.
На почетокот на вториот дел Екитике му асистираше на Коди Гакпо, кој си направи простор и погоди за 2:0.
Следуваше период во кој Арне Слот направи неколку измени и впечатокот е дека со тоа го наруши ритамот на својот тим.
Анотан Семењо тогаш стапи на сцена, најпрвин го намали резултатот, а потоа изведе вистинска мајсторија. Го прерча речиси целиот терен и го изедначи резултатот.
Во финишот Ливерпул сепак успеа да дојде до победата. Неочекуван херој е федерико Киеза,кој во 88.минута ја искористи лошата реакција на двајца дефанзивци на Борнмут.
Точка на мечот стави најдобриот стрелец во лигата минатата сеозна, мо Салах во 94.минута.
foto/ EPA
Спорт
(Видео) Рајо ја декласира Џирона, Миовски заменет во 45.минута

Рајо Ваљекано со победа во Џирона ја отвори 95. сезона во шпанската Ла Лига. „Пчелките“ славеа убедлива победа со 3:1.
Иако можеби не беше очекувано, првиот меч во сезоната донсе голем број голови, а победникот беше познат по првите 45.минути.
Рајо Ваљекано постигнаа два гола во рок од три минути. Прво, во 18-та минута, Хорхе Де Фрутос постигна гол, а во 21-та минута, му асистираше на Алваро Гарсија за 2:0.
Во 43-та минута, домашниот голман Пауло Газанига направи прекршок за пенал и доби директен црвен картон. На теренот влезе резервниот голман Крапивцов, а тренерот Мичел реши да го повлече од игра македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Пеналот во гол го претвори Иси Палазон.
Џирона не се откажа, продолжи да напаѓа, а наградата стигна во 57-та минута кога, по продорот на Циганков, топката ја смести во мрежата Жоел Рока.
Foto/ EPA