Контакт

Спорт

Кај мажите сè е јасно – Новак и никој друг, кај жените сè е отворено

Објавено пред

Како и минатата година, така и оваа, известувачот на Топ спорт и Макфакс од Вимблдон, на првиот ден од почетокот на тенискиот турнир, направи кратка анкета меѓу новинарите за тоа кого очекуваат да биде победник на турнирот во
машка и женска конкуренција. Нивните прогнози се потполно идентични кога е машкиот дел од турнирот во прашање, додека во женска конкуренција, како најавуваат, сè ќе биде отворено до последниот ден.

dobivaj vesti na viber

За Нел Меклеман, известувач за Дејли Мирор, нема дилема дека Новак Ѓоковиќ е апсолутен фаворит.

„Тој има традиција да победува на Вимблдон и не гледам кој може да го спречи во тоа. Би било фантастично ако во финалето се сретне со Карлос Алкарас, но, очекувам дека и во тој меч Алкараз да биде нервозен како што беше на Ролан Гарос. Доколку дојде до такво финале, Ѓоковиќ ќе биде фаворит и во тој меч“.

Што се однесува до женскиот дел од турнирот, за него сè е отворено до крај.

„Прашање е како Ига Швјонтек ќе игра и меѓу првите три тенисерки сè е неизвесно. Елена Рибакина може повторно да биде победник, иако јас би сакал Коко Гоф да го освои турнирот. Таа е подготвена за голем успех, ќе оди далеку и би било одлично да се види во финалето“.

За репортерката на официјалниот сајт wimbledon.com, Кејт Батерсби, би било возбудливо да се види финале Ѓоковиќ – Алкараз.

„Незамисливо е да се очекува трет фаворит. Ѓоковиќ е доминантен, но можно е тој да не е доволно подготвен или да има проблеми со телото. Сепак, тој е главен. Што се однесува до жените, Швјонтек се чувствува болно. Минатата година беше елиминирана доста рано, бидејќи за неа е незгодно да се движи на трева, додека Рибакина одигра одличен турнир. Сабаленка може да отиде далеку на турнирот, исто како што ќе биде убаво Онс Жабер да се гледа што подолго на турнирот. Кај жените сè е отворено“.

Исти очекувања за машкиот турнир има и чилеанецот со македонски корени, Себастијан Варела, од порталот Клеј од Сантијаго де Чиле, за кого единствен фаворит е Ѓоковиќ. Но, тој наведува и две опции во кои Новак нема да успее да ја одбрани титулата.

„Прво, доколку Ѓоковиќ се повреди, а второ доколку игра со левата рака. Освен негов триумф, би било големо изненадување доколку го загуби овој трофеј. Алкараз би можел да влезе во финалето, а тоа што му се случи во Париз ќе биде огромна лекција во неговиот понатамошен живот. Исто така, ги гледам и Синер, Корда и Медведев како други фаворити, кои можат да стигнат до завршната фаза“.

Кај жените Себастијан со неочекувана, но храбра прогноза: „Замислувам дека Квитова ќе го искористи сето свое искуство. Таа може да биде фаворит од сенка на турнирот“.

И известувачот на официјалниот АТП сајт, Сем Џакот, не гледа кој може да го сопре Ѓоковиќ на патот кон нов триумф и нови рекорди.

„Прашање е кој може да го предизвика. Тејлор Фриц е во добра форма, а Алкарас доаѓа како победник на Квинс. Синер, исто така, може да се најде во финалето. Беретини и Кирјиос не се сто посто спремни за таков подвиг“.

Во женскиот дел Швјонтек сè уште го нема освоено турнирот, а јас би сакал Коко Гоф да ја видам со пехарот. Сепак, не знам дали некоја тенисерка може да ја победи Рибакина. Исто така, Онс Жабер лани играше во финале и таа може да оди до крај. Кај жените сè е отворено“.

Известувачот на агенцијата Франс Прес, Дејвид Џејмс, најилустративно ја опишува доминацијата на Србинот: „Ѓоковиќ победува 100 проценти! Тој само треба да се појави на теренот и каже: ‘Благодарам многу, се гледаме следната
година.’ Нема кој друг, ги нема Надал и Федерер. Циципас, Медведев немаат резултати да го предизвикаат. Алкарас можеби ќе може да го победи Новак во иднина, но не и оваа година. Во евентуалното финале, може да му се повтори она
што му се случи на Ролан Гарос, да не го издржи притисокот“.

Кај жените тој предвидува дека Швјонтек е фаворит, но и дека Рибакина има големи шанси, исто како и Сабаленка.

На крај од оваа анкета, разговаравме и со двајца известувачи кои доаѓаат од земјите од каде се и најголемите фаворити за пласман во финалето. Миодраг Димитријевиќ од порталот Нова од Србија и Мануел Санчез, кој известува за
агенцијата ЕФЕ од Мадрид.

За Миодраг апсолутен фаворит е Ѓоковиќ, кој повторно го има предизвикот за календарски гренд слем и до финалето нема да има поголеми проблеми.

„Во неговиот дел се Хуркач и Синер, но двајцата се далеку од својата најдобра форма. Сепак, секогаш постои можност за изненадување, а тоа, веројатно, ќе биде и клучниот збор за ова издание на Вимблдон. Нема дилема дека секој
љубител на тенисот се надева на финале Ѓоковиќ и Алкараз, пред сè да би виделе каков одговор може да понуди Шпанецот после Ролан Гарос“.

За него, кај жените Елена Рибакина и Арина Сабаленка веќе се видени во полуфиналето, а ќе биде занимливо да се види дали Швјонтек ќе може да одигра нешто подобро на трева во однос на минатите години и да дојде до завршница на турнирот.

„Не би требало да се отпишува ни Онс Жабер, која сака да донесе гренд слем титула на африканскиот континент, а можно е и Викторија Азаренка да има своевидна „лебедова песна“.

За Мануел од Мадрид, Ѓоковиќ е прв фаворит, а Алкарас втор.

„Се што постигна Новак оваа година му дава за право да е најкомпетентен. Има веќе два гренд слема освоено годинава. Пред турнирот, Алкарас имаше проблеми со ногата, меѓутоа, имаше доволно време да се опорави и многу работеше на физичката подготовка. Кај жените интересно ќе биде како Рибакина ќе се прилагоди од земјен терен на трева. Сакам да видам и дали Сабаленка ќе го повтори успехот од Австралија опен. Заедно со Швјонтек, за мене тие се главните фаворити на турнирот“.

Ненад Живановски



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Дејан Станковиќ официјално се врати на „Маракана“

Објавено пред

Дејан Станковиќ се врати на клупата на Црвена звезда, како и во 2019 година, кога за прв пат стана тренер на својот сакан клуб, го наследи Владан Милојевиќ на оваа позиција. На официјалната промоција, Станковиќ открик би променил, која е неговата голема цел, а со одбрани зборови зборуваше за Синиша Михајловиќ, но и за тандемот Александар Катаи-Мирко Иваниќ.

dobivaj vesti na viber

Владан Милојевиќ без изјава замина од Црвена звезда, преку веб-страницата на црвено-белиот тим кратко рече: „Ти благодарам за се Црвена звезда, те сакам“.

Во саботата, по последниот натпревар на клубот оваа година беше познато дека на „Маракана“ се враќа, Дејан Станковиќ, кој според српските медиуми потпишал две ипол годишен договор.

Помеѓу два мандати во Звезда, Дејан Станковиќ работеше во Сампдорија, Ференцварош и Спартак Москва, а се врати во клубот, како што беше наведено, за да ја освои двојната круна и да стигне до Лигата на шампионите преку квалификациите, што претходно не му успеа.

Станковиќ со тоа повторно ќе ја продолжи или поточно ќе ја заврши работата што ја започна Владан Милојевиќ, овој пат со бод заостанување во домашното првенство и голема шанса за пласман во Лигата на Европа.

Foto/ freerangestock

Прикажи повеќе...

Спорт

Македонија назадуваше на ранг листата на ФИФА

Објавено пред

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на последната ранг-листа на ФИФА за 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Македонија, календарската година ја заврши на 66-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од едно место.

Македонската репрезентација задавуваше на сметка на Јордан, селекција која направи скок за две места на листата.
Пред Македонија, меѓу другте на листата меѓудруготе се Хондурас, Јордан, Албанија, Буркина Фасо, Јужна Африка, Саудиска Арабија…

На новата ранг листата на ФИФА нема промени во Топ 10. На врвот е Шпанија, пред Аргентина и Франција.

Топ 10: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Објавено пред

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека неговите играчи ќе бидат измерени штом ќе се вратат од краткиот божиќен одмор.

dobivaj vesti na viber

Целта е да се провери дали ја одржале потребната физичка подготвеност за натпреварот против Нотингем Форест закажан за 27 декември, пишуваат британските медиуми.

По победата од 3:0 над Вест Хем во саботата, Гвардиола јасно стави до знаење што очекува од својот тим за време на празниците. Играчите беа измерени пред тој натпревар и ги исполнија потребните стандарди.

„Во моментот кога ќе се вратат по три дена одмор, сакам да видам како се. Можат да јадат, но сакам да ги држам под контрола“, рече 54-годишниот стратег.

Предупредувањето беше недвосмислено:

„Замислете играч кој сега е во совршена форма, но се враќа со три килограми вишок. Тој ќе остане во Манчестер, нема да патува во Нотингем“

Пристапот на Гвардиола кон подготвеноста на играчите е добро познат. Во 2016 година, тој ги отстрани членовите на тимот од тренинзите на првиот тим додека не ја достигнат својата оптимална тежина.

Поранешниот дефанзивец на Сити, Гаел Клиши, откри како познатиот Каталонец им забранил на играчите пица, одредени сокови и друга „тешка храна“.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија2 часа

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија3 часа

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија4 часа

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија4 часа

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија6 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија6 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа8 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ8 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет8 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа9 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет10 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија10 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет19 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија23 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија1 ден

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија1 ден

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија1 ден

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет1 ден

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...