Македонија
Колони за влез во Грција, нема подолги задржувања

Утрово, повторно колони за излез од државата иако од АМСМ информираат дека нема подолги чекања и задржувања.
Како што може да се види од камерите на граничните премини, на Богородица има пуштени две ленти со возила, кои чекаат да влезат на грчка територија.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информираат од АМСМ.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Стоиме на располагање, велат од Министерството за здравство по информаациите за апсењето на директорот на геријатрија

Министерството за здравство соопшти дека се залага за што побрзо расчистување на случајот од страна на Јавното обвинителство во врска со наводите за примање поткуп од раководно лице во јавна здравствена установа.
„Министерството за здравство стои на располагање доколку се потребни какви било информации по службена должност. Наш приоритет останува обезбедување најсоодветна грижа за сите пациенти во јавните здравствени установи“, велат од Министерството за здравство.
Македонија
Во акција на МВР и Обвинителството приведени две лица за примање поткуп и награда за противзаконито влијание

Две лица се приведени под сомнение за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.
Акцијата е во координација на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Од Обвинителството засега не изнесуваат повеќе детали, а некои од медиумите неофицијално објавија дека еден од приведените е Мухсин Арифи, в.д. директорот на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје.
Македонија
Пациентите се категоризираат според потребите за рехабилитација по пожарот во „Пулс“, соопшти Министерството за здравство

Во моментот се врши категоризација на пациентите според потребите за рехабилитација со цел обезбедување соодветен понатамошен третман на повредените лица по пожарот во Кочани, соопшти Министерството за здравство.
Во болниците во земјата во моментот се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените лица во трагедијата во Кочани, од кои четворица се хоспитализирани на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, еден на Клиниката за токсикологија и двајца пациенти во приватната болница „Систина“.
Во странски медицински центри остануваат хоспитализирани 64 пациенти.