Црна хроника
Казни за 235 возачи на мотоцикли, одземени два мотоцикли

Во текот на вчерашниот ден била спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што биле санкционирани 235 возачи.
Од нив, 140 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 48 возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ресенчанец прегазил полицаец за нога и удрил друг полицаец во рака

Полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода Б.Р. (26), У.Р. (53), Б.Ј. (23) и Е.Ј.(23), сите од Ресен.
Од Секторот за односи со јавност при СВР Битола информираат дека при вршење на службени дејствија, полициските службеници сопреле патничко возило фиат без регистарски ознаки, управувано од Б.Р. (26) од Ресен, а откако на местото со друго возило пристигнале другите лица, Б.Р. го стартувал возилото и на ногата прегазил еден полициски службеник и удрил во раката друг полициски службеник, по што сите заедно со тврди предмети ги нападнале полициските службеници кои вршеле службени дејствија.
Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Возач под дејство на алкохол приведен во Куманово

Утрово околу 3:50 часот, полициски службеници во Куманово привеле 23-годишен маж со иницијали Д.Т. од Куманово, кој управувал возило под дејство на алкохол.
Како што информираат од МВР, при редовна сообраќајна контрола било запрено патничко возило од марката фолксваген голф со кумановски регистарски таблички, кое го управувал Д.Т. По извршен алкотест, било утврдено дека возачот имал 1,64 промили алкохол во крвта.
Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Два месецa посредувал при проституција на 23-годишна државјанка на Косово, сместена во неговиот мотел, притвор за тетовец

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 48-годишник осомничен за кривично дело – Посредување при вршење проституција од член 191 став 2 од Кривичниот законик.
„Осомничениот делото го вршел во неколку наврати во последните два месеци, обезбедувајќи клиенти за 23-годишна косовска државјанка сместена во неговиот мотел. Таа сексуалните услуги ги наплаќала, а поголемиот дел од заработката му го давала на осомничениот“, соопшти Обвинителството.
По предлог на јавниот обвинител на осомничениот му е определена мерка притвор, додека жртвата е сместена во транзитен центар за странци до завршување на постапката.