Македонија
(Видео) Хаос на седницата во Карпош, пцуење и викање од револтирани жители: Ќе ве е*ам пи*ки едни

Пцости, викање и туркање пред почетокот на седницата на Општина Карпош во зградата на Универзитетот за туризам и менаџмент.
„Во уста да ве е*ам пи*ки едни, корумпирани пи*кетини“, викаше изреволтиран граѓанин.
„Тргни се да поминам, ќе ти ја скинам главата“, се закани друг жител.
„Кој си ти да ми кажеш тргни се да поминам. Не се прави многу паметен, кој си ти“, додаде тој.
Според жителите од Карпош, кои протестираат, со ДУП-от ќе се уништи целиот комплекс спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ – паркот со фонтаната и игралиштето за деца.
Жителите на Карпош се гневни, велат властите ќе уништат парк за да никнат згради.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски најави дека фонтаната, плоштадот и игралиштето покрај булеварот нема да се рушат.
На седницата треба да се разгледаат измените на неколку ДУП-ови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.