Спорт
(Видео) Активистите фрлаа конфети на Вимблдон

И покрај најавените зголемени мерки на безбедност на Вимблдон и на Британското ГП во Формула 1 за да се спречат протести на еколошката групација „Just Stop Oil“, тие успеаја да направат мини-шоу на тенискиот гренд слем.
Протестантите успеја да влезат на теренот број 18 на „Ол Ингланд клубот“ за време на мечот помеѓу Григор Димитров и Шо Шимабукуро, фрлија конфеети, а еден од днив седна на теренот.
Организаторите на Вимблдон потвдија дека двајцата престапници се уапсени и дека ќе бидат обвинети.
🎾 BREAKING: Just Stop Oil Disrupt @Wimbledon
🎉 “Once more, orange clouds hang over a British sporting event this summer—this time it’s ticker tape rather than paint dust, but it is an intrusion and will need sorting out.”
🚷 Sign up to take action at https://t.co/7BzUVS02dZ pic.twitter.com/2iaoo6GNdO
— Just Stop Oil (@JustStop_Oil) July 5, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фудбалот е повеќе од игра: првиот мини пич-терен од компанијата Mozzart блесна во Охрид

Од срцето на македонскиот бисер Охрид, започна инспиративниот проект „Фудбалот е повеќе од игра“, чија цел е да изгради мрежа од фудбалски мини-терени низ државата.
Првиот терен, гордо го носи името на охриѓанецот и поранешен македонски репрезентативец Гоце Толески — симболично признание за неговиот придонес кон спортот.
„Непроценлива е честа и радоста што токму јас сум дел од овој исклучителен проект, а особено што овој прекрасен фудбалски терен го носи моето име. Искажувам искрена благодарност до компанијата Mozzart, која преку своите ангажмани постојано го поддржува развојот на спортот и го негува спортскиот дух кај младите генерации. Сѐ додека постојат вакви општествено одговорни компании што вложуваат во спортската инфраструктура, ќе постои и надежта за нови фудбалски ѕвезди. Делото на Mozzart треба да биде пример и инспирација за сите останати.” изјави македонската фудбалска звезда, Гоце Толески.
Младите фудбалски надежи на Охрид имаа чест први да го испробаат теренот, играјќи рамо до рамо со својот идол Толески. Атмосферата беше навистина спектакуларна – полна со емоции, насмевки и аплаузи од публиката.
Натпреварот имаше хуманитарен карактер – секој добар потег на теренот, било да е мајсторска асистенција, одлична одбрана или погодок, ја зголемуваше донацијата што Mozzart ја упати кон здружението „Тајните на моето срце“, кое се грижи за деца со посебни потреби од Охрид.
„Преку овој проект, од Охрид започнуваме приказна со срце. Задоволството е огромно кога ќе ги видиш младите спортисти со сјај во очите и желба за игра. Тие ни ја потврдуваат исправноста на нашиот избор. Првиот чекор е направен – и не застануваме тука“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Следни на ред за ваква спортска благодет се Велес и Свети Николе. А приказната само што започна…
ПР
Спорт
ПСЖ ќе испрати понуда за дефанзивецот на Валенсија

Foto/ EPA-EFE/Ana Escobar
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, има намера да ја засили одбраната во летниот преоден рок.
Веднаш по завршувањето на сезоната, ПСЖ стапи во контакт со Борнмут во врска со украинскиот дефанзивец Иља Забарњи. Преговорите не вродија со плод, Борнмут не отстапува од сумата која ја одреди. Клубот од јужниот дел на Англија бара 60 милиони евра.
Свесни дека Борнмут нема да попушти, од ПСЖ се свртеа кон играчот на Валенсија, Јарек Гашоровски.
Иако е под договор до 2027 година, Валенсија би можела да прифати понуда од околу 12 милиони евра, што е далеку под откупната клаузула од 60 милиони евра.
Покрај ПСЖ, интерес за Гашоровски покажаа и Брајтон, ПСВ …
Спорт
Баерн заинтересиран за Маркус Рашфорд

Foto/ EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON
Фудбалскиот клуб Баерн е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд (27), откако Астон Вила потврди дека нема да го откупи неговиот договор за 47 милиони евра.
Германските медиуми објавија дека скаутите на Баерн ги следеле натпреварите на англискиот репрезентативец во Бирмингем минатата сезона.
„Рашфорд совршено се вклопува во профилот на играч што му е потребен на Баерн. Тој е способен да игра на левата страна и како напаѓач“, пишува „Билд“.
Некои британски медиуми објавија дека приоритет на Рашфорд е да ја продолжи кариерата во странство, бидејќи сака да оди во клуб кој ќе се бори за трофеи.
Деновиве тој изјави дека би сакал да игра со Ламин Јамал во Барселона, но иако Каталонците се заинтересирани, проблемот се парите.
Рашфорд ја започна кариерата во младинските категории на Манчестер јунајтед, а за првиот тим на клубот „од Олд Трафорд“ одигра 426 натпревари и постигна 138 голови.