Спорт
Фудбалските фанови избраа маскотата на ЕВРО 2024 да го носи името Алберт
Маскотата на ЕВРО 2024 во Германија ќе го носи името Алберт, соопшти Фудбалската федерација на Германија (ДФБ). Името го избраа навивачите кои гласаа на официјалната веб-страница на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).
Името на плишаното мече е игра на зборови помеѓу Алберт и мечка (Albärt). Собра 32 отсто од гласовите, а преостанатите опции за фудбалските фанови беа Барнардо, Бернхарт и Херци фон Бер.
„Јас сум родител и знам колку е важно да се поттикне детската имагинација. Се надеваме дека оваа маскота ќе биде прифатена како забавен и пријатен лик кој ќе убеди уште повеќе деца да играат фудбал”, изјави директорот на турнирот и поранешен капитен на Баерн Минхен, Филип Лам.
Евро 2024 ќе се одржи во десет германски градови од 14 јуни до 14 јули следната година.
🐻 Introducing Albärt!
Following a vote from website users and schoolchildren across Europe, Albärt has been chosen as the name for the official mascot of #EURO2024.
Albärt took the title ahead of Bärnardo, Bärnheart and Herzi von Bär!
— UEFA (@UEFA) July 5, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Атлетико во 90.минута до триумф над Лајпциг, Барса со играч помалку падна во Момте Карло
Атлетико Мадрид, Монако и дебитантот Брест славеа во првото коло во Лигата на шампионите, додека Аталанта и Арсенал одиграа натпревар без голови. Атлетико, Монако и Брест со идентични 2:1 забележаа победи над Лајпциг, Барселона и Штурм.
На „Сивитас Метрополитано“, Атлетико на погонот на Гризман го победи Лајпциг. Херој е дефанзивецот Хименез кој постигна гол по центаршутот на Гризман во 90.минута.
Претходно Лајпциг ги шокира домашните навивачи беќе во четвртата минута кога Шешко го совлада репрезентативниот колега Облак.
Тоа беше се од Лајпциг на овој натпревар се до 80.минута кога добра шанса имаше Поулсен.
Атлетико доминираше и впечатокот е дека многу порано играчите на Чоло Симеоне можеа да го решат прашањето околу конечниот победник.
Две добри шанси имаа до израмнувачкиот гол (Гризман и Кореа), а во 28.минута Гризман од 11 метри фати полуволеј и ја смести топката зад грбот на Гулаши.
Македонскиот репрезентативец Елмас на теренот влезе во 83.минута на местото на Чави Симонс.
Во Монте Карло, Монако и го нанесе првиот пораз оваа сезона на Барселона. Натпреварот на стадионот „Луј II“ го следеше легендарниот Мајкл Џордан.
Michael Jordan in the house! 🐐#MonacoBarça pic.twitter.com/Ud4ntPfHUO
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 19, 2024
Работата на домашните им ја олесни Ерик Гарсија кој во 10.минута доби црвен картон. Шест минути подоцна Монако дојде до предност кога Акелијуше го совлада Тер Штеген. Барселона успеа да се врати во натпреварот во 28.минута кога Ламин Јамал соло акцијата ја заврши со гол.
Овој резултат беше активен до 72.минута кога Леникена го искористи совшеното додавње од 50 метри на Вандерсон излезе сам пред Тер Штеген и погоди за 2:1.
Брест деби настапот во Лигата на шампионите го заврши со победа. Историскиот прв гол за овој тим во елитното натпреварување го постигна Магнети во 23.минута. Изедначи на истекот на првиот дел Фернадеш кој си постигна авто-гол. Победата на Брест му ја обезбеди Сима во 56.минута.
Спорт
(Видео) Бенфика на турски погон победи во Белград, Баер го декласира Феенорд
Бенфика и Баер Леверкузен со победи стартуваа во новата сезона во Лигата на шампионите.
Бенфика славеше во Белград против Црвена звезда со 2:1, а Леверкузен рутински го порази Феенорд со 4:0.
Црвена звезда ја надигра Бенфика во Белград, но победата ја однесе тимот од Лисабон. Лошите десет минути од почетокот на мечот ја однесоа Црвена звезда во пораз.
Актуркоглу во деветта минута ја искористи бавната реакција на Круниќ. Од тј момент домаќинот притисна, но налетот го одби Кокчу со перфектно изведен слободен удар.
Во вториот дел црвено-белите притискаа, го надиграа и наттрчаа противникот, но успеаја да постигнат само еден гол, во 86.минута кога погоди Милсон.
Германскиот првак Баер Леверкузенза едно полувреме го декласира Феенорд во Ротердам. Два гола постигна Вирц, еден Грималдо, а како шлаг на победата дојде комичниот авто-гол што си го постигна голманот на Феенорд.
Спорт
Рикиардо би можел да го напушти тимот по ГП во Сингапур
Возачот на РБ, јуниорскиот тим на Ред Бул, Даниел Рикиардо изјави дека не е сигурен дали ќе остане во тој тим до крајот на сезоната во Формула 1 по трката во Сингапур.
Договорот на Рикиардо истекува на крајот од сезоната, но има шпекулации дека по неделната трка во Сингапур, тој би можел да биде заменет со Лиам Лосон во последните шест трки од сезоната на тимот РБ.
„Знам како е и како оди и знаев дека ќе има некои датуми и датуми оваа година, без разлика дали е летниот распуст или сега по Сингапур. Мислам дека има уште многу неизвесност. Ќе видиме како ќе помине викендот Ќе дадам се од себе, за се што имам секогаш има за што да се борам, планот е да се обидам да стигнам до подиумот“, изјави Рикиардо.
35-годишниот австралиски возач се врати во Формула 1 кон средината на минатата сезона со РБ, но не успеа да се врати во добра форма и сега е 14-ти во генералниот пласман кај возачите, со 10 поени помалку од тимскиот колега Јуки Цунода.
Запрашан дали трката во Сингапур може да биде негова последна, со оглед на условите на договорот, Рикиардо рече дека не мисли така.
„Но, јас исто така не сакам да почнам овде и да бидам адвокат. Би одговорил на прашањето – не, но знаеме како функционира овој спорт. Не сакам да кажам дека останувам и „100 проценти се обложувам на тоа Она што е лудо во врска со овој спорт е дека ако сум на подиумот овој викенд, веројатно ќе бидам еден од најпопуларните“, рече тој.
Рикиардо додаде дека работите брзо се менуваат во Формула 1, дека е свесен дека ситуацијата се вжештува, но дека ќе се концентрира на своите перформанси и ќе даде се од себе.
Големата награда на Сингапур се вози во недела од 14 часот.