Спорт
Француската полиција извршила претрес во домот на Ал-Хелаифи
Домот на претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи, бил претресен во средата навечер поради наводи за киднапирање и тортура во Катар на француско-алжирски лобист, пренесе АФП, повикувајќи се на сопствени извори.
„Судијата побара информации и дополнителен пристап, а сето тоа му беше обезбедено во целосна транспарентност и соработка со властите од самиот почеток“, изјави портпаролот на претседателот на ПСЖ.
Еден од адвокатите на Ал-Хелаифи одби да го коментира случајот.
Претресот го извршила правосудната полиција откако 42-годишниот лобист Тајеб Бенабдерахман поднел жалба на крајот на јануари. Тој се пожали на неговото апсење во јануари 2020 година во Катар, каде што се доселил три месеци претходно.
Тој тврди дека бил малтретиран и испрашуван шест месеци за документите што ги поседувал, а кои го компромитирале шефот на ПСЖ. Нему му беше дозволено да влезе во Катар во ноември 2020 година, откако потпиша договор за необјавување што го спречуваше да ја открие содржината на тие документи.
Минатата недела во врска со оваа афера беше претресена и канцеларијата на градоначалничката на седмиот арондисман во Париз, Рашида Дати, која е поранешен министер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Федерер го критикуваше Зверев
Освојувачот на 20 Грен слем титули, Роџер Федерер го критикуваше Александар Зверев, велејќи дека Германецот мора да игра поофанзивно.
Зверев еден од најдобрите во својата генерација се уште нема освоено Грен слем титулата. Во кариерата два пати играше Грен слем финале, во Њујорк во 2020 загуби од Доминик Тим, а пред неколку месеци доживеа пораз од Карлос Алкараз на Ролан Гарос.
„Јас не сум негов тренер, па можам да зборувам отворено. Кога го гледам, гледам дека игра премногу пасивно. Тој е премногу дефанзивец во решавачките моменти. Тој е одличен во дефанзивата, но за да победи мора да најде начин да напаѓа. Ако го имплементира тоа во својата игра, може да постигне големи работи“, изјави Федерер и додаде:
„Кога играте против најдобрите во светот, треба да преземете иницијатива и да бидете офанзивни. Не го направи тоа против Фриц. Тој е одличен играч, но за да освоите Грен слем трофеј, треба да верувате во твоете удари, да напаѓаш. Мора со целото тело да верува, титулите нема сами да дојдат“.
Зверев има 27 години, во кариерата освои 22 титули и моментално е втор тенисер во светот.
Спорт
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат натпреварот против Удинезе
Навивачите на Рома најавија дека ќе го бојкотираат натпреварот против Удинезе, првиот на кој „волчицата“ ќе ја предводи хрватскиот стручњак Иван Јуриќ. Причина за ваквиот потег на ултрасите на Рома е одлуката на клупските ченици да го отпуптата Даниеле Де Роси.
Римскиот клуб реши да го отпушти Де Роси, кој за Рома одигра 616 натпревар во периодот од 2001 до 2019 година. Тој беше отпуштен откако ја започна сезоната со три ремија и пораз..
Според италијанските медиуми, Јуриќ го очекува чудно деби против водечкиот тим во лигата. Трибината со најверните навивачи на клубот ќе биде празна, барем во првите 30 минути од натпреварот. Ова го соопштија ултрасите на Рома и побараа од другите навивачи да им се придружат на протестот.
„Дојде време да се слушне нашиот глас. Ги повикуваме сите навивачи од секој дел на трибините да се придружат на нашиот протест. Ќе останеме надвор од стадионот во првите 30 минути од натпреварот“, стои во соопштението на ултрасите на Рома.
Спорт
(Видео) Раја го спаси Арсенал од пораз во Бергамо
Голманот на Арсенал е еден од играчите кои го обележаа првото коло во Лигата на шампионите.
Арсенал одигра 0:0 во Бергамо против Аталанта. Најзаслужен за освоениот бод е тукму шпанскиот репрезентативец.
Раја се истакна со чудесна одбрана на која и претходеше пенал, во двата наврати ги одбрани ударите на Матео Ретеги.
Напаѓачот на Аталанта имаше шанса да погоди од пенал во 51. минута. Тој шутираше на десната страна на голманот на Арсенал, кој го одбрани ударот, топката се одби до Ретеги но и тој удар Раја го одбрани.
Пред Ретеги да го изведе пеналот, додека ВАР ја прегледуваше целата ситуација, Раја отиде на консултација кај тренерот на голманите на Арсенал и разговараше со него.
Потоа го одбрани пеналот. Раја има четири одбрани од последните осум удари од белата точка.