Спорт
Аспиликуета по 11 години во солзи замина од Челси и потпиша за Атлетико
Челси се збогуваше со својот капитен, Цезар Аспиликуета, кој потпиша двегодишен договор со Атлетико Мадрид, заминувајќи си по 11 години и над 500 настапи за „сините“.
33-годишниот дефанзивец пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Олимпик Марсеј во 2012 година, и ги освои сите титули со Челси, заминувајќи си една година пред крајот на неговиот договор.
„Цезар си заминува како воин, шампион и легенда на Челси. Тој ги постави стандардите на клубот повеќе од една деценија“, вели газдата на Челси, Тод Бели.
Аспиликуета е само еден од низата фудбалери кои заминаа од Челси – Калиду Кулибали, Н’Голо Канте и Едуар Менди заминаа во Саудиска Арабија, додека Каи Хаверц, Матео Ковачиќ и Мејсон Маунт заминаа во ривалите од Премиерлигата.
We are bidding an emotional farewell to a Chelsea great.
Thank you for everything, @CesarAzpi. 💙 pic.twitter.com/wHDcALJX5m
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 6, 2023
🆕 ¡@CesarAzpi es nuevo jugador rojiblanco! 🔴⚪
🖊 El internacional español ha firmado por una temporada con nuestra entidad!
👋 ¡#BienvenidoAzpilicueta! 🤗 pic.twitter.com/JSYvQCEf3j
— Atlético de Madrid (@Atleti) July 6, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos
Спорт
Левандовски ке ја „жртвува“ платата за да остане во Барселона
Роберт Левандовски не сака да ја напушти Барселона и верува дека сè уште има вештини да остане барем уште една сезона.
Според денешните информации од каталонските медиуми, неговиот агент Пини Захави бил во Барселона за време на викендот и во таа прилика се сретнал со Џоан Лапорта.
Не е тајна дека Захави и Лапорта се во одлични односи, па Левандовски сакал да го искористи тоа за што поскоро да го дознае својот потенцијален статус, но и да порача преку својот менаџер дека е подготвен да прифати значително намалување на платата за да остане до летото 2027 година.
Кога Полјакот пристигна во Барселона во летото 2022 година како профилиран напаѓач и еден од најдобрите во Европа, тој доби огромна плата, која дури и растеше со текот на времето, па сега е убедливо најплатен во тимот, иако е и најстар.
Левандовски е под договор до јуни 2026 година и сака да потпише за уште една сезона со значително намалување на платата, што би можело да биде клучен чекор во преговорите со Лапорта.
Да потсетиме, Барселона сè уште има проблем со финансискиот фер-плеј, и не е во можност да сонува за скапи засилувања, а Левандовски ја прифаќа улогата од клупата и да биде план Б, зад Феран Торес.
Спорт
Зидан се договорил со Фудбалската федерација на Франција
Зинедин Зидан постигнал договор да ја преземе француската репрезентација, тврди фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо.
Многу пати, познатиот фудбалер нагласувал дека негов голем сон е да ја води фудбалската репрезентација на Франција.
Сонот ќе му се оствари, бидејќи Зидан се смета за единствен наследник на Дидие Дешан на таа позиција.
Дешан веќе објави дека ќе се повлече од селекторската позиција по Светското првенство, и може да се каже дека Зидан е најблиску до селекторската функција.
Поранешниот светски и европски шампион со француската репрезентација во својата кариера го водеше само Реал Мадрид, со кого успеа да освои три последователни Лиги на шампиони, што никој друг не успеа.
Од 2021 година, кога се раздели со „кралскиот клуб“, во својот втор мандат, тој немал клуб.
Foto/ depositphotos

