Македонија
Fashion&Friends оди на разубавување: неодоливи попусти за уште подобро шопинг-искуство
Викенд шопинг со супер попусти? Може! Во „Fashion&Friends“ Сити мол те чекаат -50% и дополнителни -30% попуст на веќе намалените цени во нашата продавница и тоа на актуелната пролет-лето колекција од 07.07 до 09.07, повикуваат од Фешн груп.

– Не дозволувај променливото време да ти влијае на расположението, а ако ти е потребна дополнителна доза ведрина, во „Fashion&Friends“ ќе го најдеш твојот моден витамин – велат од компанијата.

Нивното внимание овој пат оди кон парчиња во боја и оние со интересен принт или текстура. Она што ги прави колекциите за оваа сезона толку добри е што совршено се искомбинирани удобноста и впечатливоста.

Затоа, растеглив фустан што се прилагодува на облините, мини-тексасно здолниште или шорц што мами погледи, се нешто што дефинитивно треба да се најде во женскиот гардеробер.

Дами, бидете модно смели и покажете ја вашата самодоверба на најудобниот можен начин! – порачува модната групација.

А кога се мажите во прашање, тие може да останат на онаа лежерна кул вибрација, покажувајќи преку стајлингот дека здодевноста не е нивна карактеристика.

Летни дуксери со принт и маици со стилски дизајн се задолжителни. Но, знаете ли што е исто така одлично комбо – добар џинс со уште подобра долна облека за удобноста да ве следи и овој викенд, но и во секој нареден ден од летото.

– И ние решивме ова лето да инвестираме во себе и својот изглед, па во наредните месеци ќе се посветиме токму на тоа! Со почетокот на новата сезона ве очекува комплетна промена и сосема поинакво, возбудливо и ново шопинг искуство во продавницата на „Fashion&Friends“ Сити мол – велат од Фешн груп.

Многу наскоро, тие се враќаат во сосема ново руво со исклучутелни колекции во кои ќе ги живеете најубавите моменти во новата сезона, на уште поголема површина за целосно уживање во изборот на омилените парчиња и да доживеете супер шопинг како никогаш досега.

Оттаму најавуваат дека ќе ја одржуваат љубопитноста на купувачите и во наредниот период, а додека да го откријат резултатот, ве очекуваат на одличен шопинг во „Fashion&Friends“ – „East Gate Mall“ и на www.fashiongroup.com.mk.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.
Македонија
Ангелова: Измените на Кривичниот законик се клучни за посилна заштита на жените од насилство и зголемување на сообраќајната безбедност
На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека измените во Кривичниот законик претставуваат суштински чекор за враќање на довербата на граѓаните за правна држава каде криминалот и корупцијата нема да бидат толерирани, туку ќе бидат соодветно санкционирани.
„Овој предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик претставува неопходен и одговорен чекор кон враќање на правната сигурност, владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите. Со него државата јасно ја испраќа пораката дека корупцијата, злоупотребата на службената положба, организираниот криминал и насилството нема да бидат толерирани, ниту релативизирани преку законски празнини и непропорционално благи санкции“, рече Ангелова.
Пратеничката посочи дека ќе се постигне подобра заштита на приватноста на граѓаните, безбедност во сообраќајот, посилна заштита на жените од семејно насилство како и јасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки.
„Со предложеното решение ќе се постигне враќање на превентивната и репресивната функција на казненото право особено кај делата злоупотреба на службена положба, организиран криминал и корупција. Јасна и ефикасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки, подобра заштита на приватноста и достоинството на граѓаните, посилна заштита на жената од насилство,семејно насилство со гонење по службена должност во согласност со Истанбулската конвенција, подигнување на безбедноста во сообраќајот преку поостри санкции. Се зголемува и јавната безбедност на патиштата“, вели Ангелова.
Пратеничката Ангеловска се осврна на клучните поенти за жените истакнувајќи дека со овој предлог-закон жената е заштитена од дигитално насилство, од семејно насилство, а со тоа постигнување на реална заштита и сигурност на жената во државата.
„Посилна институционална заштита од насилство врз жените и семејно насилство со гонење по службена должност државата ја трга одговорноста од жртвата и јасно застанува на страната на жената. Заштита на приватноста и телесниот интегритет на жените, инкриминирање на злоупотребата на интимни снимки директно ги штити жените од уцени дигитално насилство и јавно понижување. Европски стандарди, европска заштита за жените законот директно ги имплементира европските и меѓународните обврски и ја позиционира како партнер во борбата за еднакви можности и човекови права“, рече Ангелова.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 7 степени
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.

