Свет
НАТО-самит во Вилнус: последен обид да се убеди Турција да ја пушти Шведска во алијансата
Лидерите на државите членки се собираат во Вилнус оваа недела за НАТО-самитот со цел да ги надминат поделбите во врска со притисокот на Украина за пат кон членство и да стават крај на блокадата на Турција за приклучување на Шведска во трансатлантската воена алијанса.
Самитот во литванската престолнина утре и задутре ќе го чуваат ракетни батерии „Патриот“ од Германија, воени авиони и сили од 17 земји.
Американскиот претседател Џо Бајден, турскиот претседател Таип Ердоган, германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Риши Сунак ќе бидат меѓу лидерите на НАТО, кои ќе присуствуваат на самитот во малата балтичка држава.
Се очекува да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски и да изврши притисок Украина да биде примена во НАТО набргу по завршувањето на војната предизвикана од руската инвазија.
Членките на НАТО во Источна Европа изразија силна поддршка за ставот на Украина тврдејќи дека ставањето на Киев под чадорот за колективна безбедност на алијансата е најдобриот начин да се спречи нова војна со Русија.
Но, други, како што се САД и Германија, беа многу повнимателни, претпазливи за каков било потег за кој се плашат дека може да го вовлече НАТО во директен конфликт со Русија, што потенцијално ќе предизвика глобална војна.
„Очекувам нашите лидери да потврдат дека Украина ќе стане членка на НАТО и ќе се обединат за тоа како да ја приближат Украина до нејзината цел“, изјави во петокот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, чиј мандат беше продолжен за една година пред самитот.
Разговори меѓу Турција и Шведска
Руската инвазијата ги поттикна Финска и Шведска да се откажат од децениското воено неврзување и да аплицираат за влез во НАТО. Во Вилнус, Финска ќе присуствува на својот прв самит на НАТО како членка. Но, пристапот на Шведска беше задржан од Турција.
Турција ја обвинува Шведска дека не прави доволно за да ги сузбие курдските милитанти, но Стокхолм вели дека ги исполнила своите обврски од договорот со Анкара – став што го поддржа Столтенберг.
Ердоган во петокот во тенко прикриената референца за Шведска рече дека Турција нема да ѝ верува на земја која е засолниште за терористи додавајќи дека ќе ја усвои секоја одлука што е поволна за Анкара на самитот.
Во пресрет на самитот Столтенберг ќе биде домаќин на Ердоган и на шведскиот премиер Улф Кристерсон на разговори за да се обидат да ги надминат нивните разлики.
На самитот лидерите на НАТО исто така, се очекува да се согласат дека сите треба да потрошат најмалку 2 отсто од националниот БДП на одбраната – надградба на ветувањето од 2014 година за придвижување кон тој број.
Во моментот само 11 од 31 земја членка на НАТО ја исполнуваат целта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Новата рунда трилатерални преговори со Русија и САД ќе се одржи на 4 и 5 февруари
Новата рунда преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, ќе се одржи во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, в среда и четврток (4 и 5 февруари), најави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски нагласи дека Киев е подготвен за „суштинска дискусија“.
Тој истакна дека информациите доаѓаат од украинскиот преговарачки тим кој денеска требаше да одржи разговори со руската делегација.
„Нашиот преговарачки тим штотуку даде извештај. Датумите за следните трилатерални состаноци се одредени: 4 и 5 февруари во Абу Даби. Украина е подготвена за суштински разговори и ние сме заинтересирани исходот да нè доближи до вистински и достоинствен крај на војната (Москва-Киев). Ви благодариме на сите што помагате!“, рече тој.
Ни Москва ниту Вашингтон не ги потврдија информациите што ги сподели Зеленски.
Претходно, повеќе западни медиуми јавија дека денешната средба на претставници на рускиот и украинскиот тим е одложена, а дипломатскиот фокус е насочен кон средината на претстојната недела.
Свет
(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија
Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот во околината на Крушевац, случај кој српските власти го оценуваат како една од најголемите акции против организираниот криминал во историјата на земјата.
Ана Спасојевиќ во изјава за српскиот таблоид „Република“ изјави дека семејството било угледно и дека не била свесна што се чува на имотот. Таа наведе дека знаеле нејзиниот сопруг и синот, но дека, според она што ѝ било кажано, станувало збор за нешто што привремено било оставено таму, само неколку дена.
„Не ми е важно кој го сторил тоа, сè ќе се открие во истрагата. Ова ни се случува првпат во животот, ништо слично никогаш не сме имале“, изјави Спасојевиќ, додавајќи дека целата ситуација тешко ѝ паѓа и дека поради стресот не може да спие и зема терапија за смирување.
И соседите изразуваат неверување. Комшиката Радмила Тодосијевиќ изјави дека веста за пронаоѓањето на дрогата ја затекнала и ја вознемирила, нагласувајќи дека семејството го познавала како работливо и чесно. Таа посочи дека Спасојевиќи со години живеат таму и се занимаваат со земјоделство, одгледување овошје и зеленчук, додавајќи дека немала никакви сознанија за нелегални активности.
Во меѓувреме, српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ им честиташе на припадниците на Министерството за внатрешни работи и на безбедносните служби за, како што рече, исклучително успешно спроведената акција кај Крушевац. Според него, станува збор за еден од најголемите и најзначајни успеси на српската полиција во борбата против организираниот криминал.
„Оваа историска акција јасно покажува дека во Србија нема заштитени и дека секој што ќе помисли дека може да се сокрие зад партиска книшка за да врши кривични дела – нема да успее. Секој што се занимава со криминал ќе биде најстрого казнет и процесуиран согласно законот“, порача Гашиќ, нагласувајќи дека борбата против криминалот и корупцијата е апсолутен приоритет на државата и дека се води без компромиси и без исклучоци.
‼️Супруга Радета, од кога је заплењено јуче пет тона марихуане каже:
👉 “Ми смо угледна породица и све ово је колатерална штета”.
А затим каже да су супруг и син ЗНАЛИ да је то дрога.
Па онда каже…
ПАЗИТЕ САД 👇
САМО су требали да причувају на пар дана, док “неко” не… pic.twitter.com/xxJGRxQHcY
— Инжењер 🇷🇸 (@Ortodox_Serb) January 30, 2026
Свет
(Видео) Страшен судир на три автомобили, возачот загина, a 15-годишен сопатник е тешко повреден
Триесет и седумгодишен маж загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 21:40 часот во близина на Хрженица, додека уште две лица се повредени.
Во несреќата на локалниот пат покрај пренасочниот канал учествувале три автомобили, соопшти полицијата.
Според резултатите од истрагата, несреќата ја предизвикал 37-годишен возач кој се движел од правец на Ореховице кон Оток. Во еден момент, тој го преминал своето возило во сообраќајната лента за возила што доаѓаат од спротивната насока, без да провери дали може безбедно да го стори тоа.
Во исто време, 25-годишен маж кој возел зад него во истата насока почнал да го престигнува, и со предниот дел од својот автомобил удрил во задниот лев дел од возилото на 37-годишникот. Поради силата на ударот, автомобилот на 37-годишникот скршнал, се вратил во спротивната лента, а потоа слетал на тревната површина. Потоа возилото го напуштило теренот и удрило во неколку дрвја пред да застане.

