Скопје
(Видео) Арсовска со викање побара поддршка за Мазнева: На оваа жена треба да ѝ кажете браво
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со викање побара поддршка за директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, на прес-конференција. Посочи дека Мазнева детектирала неправилности во претпријатието и постапила како ниту еден маж досега. Кога новинарите ѝ укажаа на Арсовска дека изразува нервоза, таа посочи дека е револт бидејќи Мазнева била нападната од јавноста и рече: „Тоа што застанувам остро против криминалот, не значи дека изразувам нервоза“.
„Во целосна одбрана на Косана Мазнева е дека ги детектирала сите неправилности. Таа постапи уште минатиот месец, пред 25 јуни, кога реагира соодветно, кога почна со сите постапки, па мафијашките структури одлучија да се пресметаат со неа. Јас не дозволувам никој да нè манипулира тука, најмалку против една жена, која се нафати со едно претпријатие со 1.400 вработени, кое било во заложништво на ликови, семејно поврзани, да се обиде ова да го испреврти и да ја направи виновна. Треба да го поздравите тоа што некој со овие мафијаши се справува по 30 години. Ако мислите дека со еден ден се прави сериозна пријава – се лажете. Затоа треба оваа жена да ја поздравите сите, да ѝ кажете браво“, им рече Арсовска на новинарите.
Побара новинарите да ја поддржат Мазнева исто како што таа го прави тоа.
„Ако се обидува некој политички да се пресметува, треба добро да размисли. Треба да се размислат сите што молчеле 30 години пред ова што се случува, а не да ја напаѓаат оваа жена тука. Целиот град стои зад неа бидејќи сама се спротивстави против сите, каде што ниту еден маж не застанал“, додаде Арсовска.
Посочи дека фатиле луѓе што се трајно иселени во Германија, а примале плата. Беше лута што новинарите не го иницираат ова прашање.
„Фативме луѓе што трајно седат во Германија, трајно се иселени и примале плата. Не се прашувате како се случувало тоа? Не иницирате како јавност за одговорност на овие лица?“, рече Арсовска.
Рече дека не смее ниту еден човек да зема плата, а да не иде на работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

