Спорт
Постекоглу: Сакам Хари да остане, ќе му ja претставам мојата визија

Новоименуваниот тренер на Тотенхем, Ангелос Постекоглу ја одржа првата прес-конференција на новото работно место. Очекувано најголем дел од прашањата беа поврзани со капитенот Хари Кејн.
Најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем е на прагот на преселба во Баерн. Баварците ја доставија и втората понуда за Кејн, која изнесува 80 милиони евра. Барем засега претседателот на Тотенхем, Даниел Леви не попушта, а новиот тренер би сакал и Кејн да остане.
„Би сакал Хари да остане. Сакам да му ја претставам мојата визија. Никогаш не сум добил никакви гаранции за него и не очекувам да ги добијам. Никогаш не можете да сметате на ништо сигурно во животот. Знам само дека Хари е дел од екипата и возбуден сум што ќе почне да работи со нас. Тема на нашиот разговор ќе биде како да го подобриме клубот за да биде успешен, а тоа е негова желба“, изјави Постекоглу.
Тотенхем за разлика од претходните сезони не успеа ниту да се пласира во Европа и секакодека во новата сезона се очекува клубот да направи значаен исчекор.
„ Го прифаќам секој предизвик. Премиер лигата е многу силно натпреварување и кој не би бил среќен да го прифати таков предизвик. Причината поради која сум тука е затоа што клубот бара промени“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Луис Енрике ја удри ѕвездата на Челзи: скандал по финалето на Светското првенство

Скандалот избувна по финалето на Светското клупско првенство кога тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, го удри Жоао Педро.
Челзи стана светски шампион откако го победи ПСЖ со 3-0 во финалето во Соединетите Американски Држави, а по натпреварот се случија непријатни сцени.
Настана огромна гужва, а најагресивен беше Енрике, кој ја удри ѕвездата на Челзи, Жоао Педро.
За среќа, го задржаа со рацете и спречија поголем инцидент.
The match is over… but the tempers aren’t 👀
Tensions were boiling after full-time.GLOBAL HOME OF FOOTBALL | Live All Summer Long | https://t.co/i0K4eUtwwb | #FIFACWC #TakeItToTheWorld #CHEPSG pic.twitter.com/17yxSzsDF6
— DAZN Football (@DAZNFootball) July 13, 2025
Спорт
Челзи е светски шампион: Англичаните го „згазија“ ПСЖ во историското финале на Светското првенство

Фудбалерите на Челзи станаа светски шампиони откако го победија ПСЖ во финалето на Светското клупско првенство во САД со резултат од 3:0.
Лондонскиот тим ги победи актуелните европски шампиони со головите на Кол Палмер во 22-та и 30-та минута, како и со голот на Жоао Педро во 43-та минута.
FIFA CLUB WORLD CUP WINNERS!!! 🏆 pic.twitter.com/KnbFOjfqzg
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 13, 2025
ПСЖ остана со играч помалку во 84-та минута, откако Жоао Невеш доби директен црвен картон.
Турнирот во САД е прв на кој учествуваат 32 екипи, а на финалниот натпревар присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, покрај претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.
Финалето беше организирано во духот на Супербоулот (НФЛ), со настапи на бројни музички ѕвезди.
Челзи заработи 35 милиони евра со освојувањето на титулата, додека на ПСЖ му припадна парична награда од 27,1 милиони евра.
Спорт
Првите зборови на Јаник Синер по освојувањето на Вимблдон

Јаник Синер, тенисер број еден во светот, ги сподели своите впечатоци по финалето на Вимблдон во кое беше подобар од Карлос Алкараз (4:6, 6:4, 6:4, 6:4).
Синер ја освои својата прва титула на Вимблдон победувајќи го Алкараз во финалето.
„Сакам да му се заблагодарам на Карлос, одигра уште еден неверојатен турнир. Ти благодарам што си таков играч, толку е тешко да се игра против тебе. Имаме прекрасно добар однос и надвор од теренот, се обидуваме да го градиме и врз него. Ова не би било можно без најдобрите тимови на теренот, знам дека го држеше овој трофеј неколку пати, веќе имаш два… Да, да, ова е толку посебно. Ги гледам моите родители тука, мојот брат, целиот мој тим. Посебна благодарност до мојот брат, тој имаше слободен викенд, затоа е тука“, рече Синер.
Пред еден месец во Париз, тој загуби во финалето на Ролан Гарос од Алкараз, иако водеше со 2-0 во сетови.
„Пред сè, емотивно, имав многу тежок натпревар во Париз. Но, денес не беше толку важно дали ќе победам или изгубам, ова е толку важен турнир, останува да видиш што си направил и да продолжиш да работиш, затоа стојам тука со трофејот. Благодарен сум за сè, што сум здрав, што можам да играм, сето тоа ми значи многу.“