Црна хроника
Масовна тепачка во Драчево меѓу групи на скопјани и еден паланчанец, поднесени пријави

На 09.07.2023 во 21.50 часот било пријавено дека на подрачјето на Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу А.С.(52), П.С.(54) и М.С.(46), сите од Скопје, од една страна, и В.П.(43), В.П.(33), двајцата од Скопје и Д.Ц.(27) од кривопаланечко, од друга страна, при што биле употребени и тврди предмети.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Од плажа на брегот на Охридското Езеро во болница е донесен починат маж од Босна и Херцеговина: телото дадено на обдукција

Вчера во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни заболувања Св.Стефан“ бил донесен починат М.С.(65) од Босна и Херцеговина.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Топ
Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од 54-годишниот С.Д., патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од 31-годишниот Д.Р. и патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А..
Со возило на Итна медицинска помош С.А. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош.
Увидот е во тек, а сообраќајот во тој дел кон Скопје се пренасочува зад бензиската пумпа.
Црна хроника
Уапсени две 17-годишни момчиња од Прилеп, биле фатени при кражба во црква

Денеска во 04.35 часот на улицата „Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Прилеп.
Тие биле затекнати како од метално сандаче за доброволен прилог од црква вршат кражба.
Тие се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.