Црна хроника
Полицијата упадна во повеќе локали во Велес и Кавадарци

На 08/09.07.2023 во периодот од 23.00 до 05.00 часот полициски службеници од СВР Велес, во угостителски објекти на подрачје на Велес и Кавадарци, спроведоа акциска контрола во рамки на кампањата „Безбедно лето 2023“ во врска со присуство на малолетници после 24.00 часот, точење на алкохол на малолетници и нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика.
Во рамки на контролата откриени се пет нарушувања на јавниот ред и мир со гласна музика и по извршено мерење со уред фонометар констатирано е дека јачината на музиката е над дозволената законска граница. За сите констатирани неправилности на прекршителите ќе им бидат изречени соодветни санкции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен возач од Кочани, возел со 2,25 промили алкохол во крвта

Полицијата приведе жител на Кочани кој возел под дејство на алкохол.
Според информациите на МВР, утрово во 03.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Т.(28) од село Спанчево, кочанско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничко возило „пасат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Д.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Уапсен малолетникот кој избоде маж пред џамија во Студеничани

МВР го расчисти вчерашниот обид за убиство што се случи пред џамија во скопско Студеничани и го уапси осомничениот 16-годишник.
Ноќеска, во 1 часот по полноќ, Р.К. (55) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица.
На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот.
Од страна на доктор при ГОБ „Свети Наум Охридски“ кај Р.К. се констатирани тешки телесни повреди – убодни рани и истиот бил задржан на понатамоишно лекување.
По насоки на Јавен обвинител за малолетници со оглед дека се работи за кривично дело убиство во обид, 16 годишниот малолетник е лишен од слобода во Полициска станица Драчево по што му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Лицето е предадено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје.
Црна хроника
Вработени во „Комуналец“ фрлале отпад на дива депонија во Кичево

Вработени во ЈП „Комуналец“ фрлале отпад на дива депонија во Кичево. Случајот го пријавиле граѓани.
Полициски службеници, постапувајќи по пријава од граѓани во врска со работата на дивата депонија во кругот на поранешниот Керамички комбинат „Вранешница“ во Кичево, на разговор повикаа девет лицата вработени од ЈП „Комуналец“ од Кичево.
Истите биле затекнати како одлагаат отпад во дивата депонија, а на разговор дополнително бил повикан и директорот на ЈП„Комуналец“ а во врска со сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“.
Известен е надлежен обвинител по чии што насоки се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.