Свет
(Видео) Тенк влета на плажа додека луѓе се сончаа: неговото маневрирање налути многумина во Русија
Тенк влета на плажа додека луѓе лежеа на крпи и се сончаа во рускиот град Тјумен.
Мирниот летен ден ненадејно го прекинал тенк „Т-72“ на руската армија, кој двапати без застанување налетал на луѓе на плажата.
Според пишувањата на локалните медиуми, во близина на дивата плажа на Андрејевското Езеро има воен полигон во сопственост на Министерството за одбрана. Сепак, доаѓањето на тенкот „Т-72“ и неговото маневрирање меѓу капачите налути многумина.
Локалните жители рекоа дека со години доаѓаат на брегот на езерото за да се сончаат, но пред неколку дена војниците од инженерското училиште ископале неколку тунели и патеки околу езерото за нивните вежби.
Near #Tyumen, a tank went straight to the beach near the lake, where people were resting. pic.twitter.com/lQUlXDrbvl
— NEXTA (@nexta_tv) July 10, 2023
„Дојдовме на плажа во 11 часот наутро, се сончавме и пливавме, а потоа без предупредување дојде тенк со полна брзина. Насекаде имаше пареа, чад и силна смрдеа на гориво“, изјави еден очевидец.
Од военото училиште, пак, тврдат дека областа е забранета за собирање цивили.
„Ништо не се случи“. Ова е територија на Министерството за одбрана и во тој простор е забрането собирање и капење цивили. Целата област беше раскопана. Ова е нашиот терен за обука. Тенкот, едноставно, излезе од шумата, се сврте и се врати назад, тоа е сè. Никој никому не му се заканувал“, соопштија од Военото училиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

