Свет
Членството на Украина во НАТО – клучно прашање на денешниот состанок на лидерите на алијансата
Лидерите на земјите од НАТО денеска треба да ја усвојат нацрт-декларацијата на вториот, последен ден од самитот на алијансата во главниот град на Литванија.
Клучното прашање на документот и на собирот на претседателите и премиерите на земјите членки е барањето на Украина за влез во НАТО.
Пред седум часот наутро, по средноевропско време, ќе се соберат на самитот во ЛИТЕКС, саемски простор специјално реновиран за оваа пригода во продолжение на работата на самитот, а планирано e и кратко обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и на премиерот на Јапонија како земја партнер на западната воена алијанса.
Подоцна е планиран состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади со Шведска, индо-пацифичките партнери и ЕУ.
Со најголемо внимание се очекува медиумската конференција на Столтенберг и претседателот на Украинан Володимир Зеленски, кога треба да се слушне дали официјален Киев е задоволен од предлогот на НАТО за пакетот за Украина.
Тој пакет вклучува три елементи: прескокнување на акцискиот план за членство, формирање на советот НАТО – Украина и натамошна воена помош за војната со Русија.
По таа конференција, следен е состанокот на советот НАТО – Украина на ниво на шефови на држави и влади со Шведска.
Завршниот говор на самитот Столтенберг ќе го одржи на прес-конференцијата, која е планирана за 14.30 часот по средноевропско време.
Потоа ќе соопшти дали е усвоена декларацијата, која, според сработеното во нацртот, се однесува на Србија и дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Во точките 77 и 78 пишува дека зајакнувањето на односите НАТО – Србија би било од корист за алијансата, Србија и целиот регион, пренесува српската новинска агенција „Танјуг“.
Тие наведуваат и дека ги повикуваат Белград и Приштина на итна деескалација, враќање на дијалогот и спроведување на договорите од Брисел и Охрид.
Генералниот секретар на НАТО претходно во Вилнус изјави дека е во постојан контакт со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и дека е подготвен да се сретне со него.
Тој ова го изјави пред почетокот на самитот на НАТО на прашањето на „Танјуг“ дали ќе се сретне со Вучиќ и зошто КФОР дозволува присуство на специјални единици од Приштина и покрај противењето на Србите и што може да се направи за тоа.
„Ја следиме ситуацијата на северот на Косово. Ги повикуваме двете страни да се деескалираат и да не преземаат дејства што би ја влошиле ситуацијата и би ги зголемиле тензиите во регионот“, рече Столтенберг.
Тој додаде дека КФОР го зголеми своето присуство во Косово со неколку илјади дополнителни војници, со цел, како што рече, да се спречи „нестабилноста и насилството“ во изминатите неколку недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Закана за бомба на Централната автобуска станица во Москва
Безбедносните сили истражуваат анонимна закана за поставување бомба на Централната автобуска станица во источниот дел на Москва, изјави денес претставник на московските служби за итни случаи.
„Примена е анонимна пријава за закана со бомба на Централната автобуска станица“, изјави неименуван извор за „РИА Новости“.
Според него, безбедносните сили биле испратени на автобуската постојка за да го истражат телефонскиот повик.
Лажни закани со бомби се упатуваат во различни руски градови од крајот на 2019 година.
Нивните цели се судови, трговски центри, метро станици, авијациска и железничка инфраструктура, училишта и медицински установи.
Европа
(Видео) Тројца тинејџери загинаа во Франција кога паднаа и се удавија во базен длабок 1,5 метар
Тројца тинејџери загинаа во јужна Франција откако нивниот автомобил излетал од патот, се забил во ѕид и се превртел во приватен базен, при што останале заробени.
Возилото било речиси со иста големина како базенот, а тројцата тинејџери, на возраст од 14, 15 и 19 години, не можеле да ја отворат вратата и се удавиле. Несреќата се случила во градот Алес во вторник вечерта.
„Вистински е ужас. Тие не починале од ударот. Се нашле наопаку во ледената вода, неспособни да излезат. Немале никаква шанса“, изјави јавниот обвинител Абделкрим Грини. Според неофицијални информации, најмладиот од нив наводно го возел автомобилот во времето на несреќата.
🚗⚡️ Leur voiture s’encastre dans une piscine : trois jeunes de 14 à 19 ans tués dans un dramatique accident dans le Gard. Des bouteilles de gaz hilarant se trouvaient dans l’habitacle. #JT20h pic.twitter.com/2lWrfYyU6V
— Le20h-France Télévisions (@le20hfrancetele) December 3, 2025
Обвинителот за АФП изјави дека станува збор за „неверојатна низа околности“, истакнувајќи дека несреќата се случила во ноќ со силен дожд.
Тој опиша како автомобилот се удрил во низок ѕид од градината, се превртел и слетал во базенот. Пожарникарите биле повикани да го испумпаат базенот и да го извлечат возилото. BFMTV објави дека базенот бил длабок околу еден и пол метар. Снимките од местото на настанот покажале приватен базен покрај урнатиот ѕид.
Според француските медиуми, во автомобилот биле пронајдени шишиња со азотен оксид, супстанца што рекреативните корисници ја вдишуваат за да се чувствуваат опуштено, вртоглаво или еуфорично. Отворена е истрага за причината за смртта, а телата на младите луѓе се однесени во форензички институт на обдукција, според АФП.
Свет
Медведев: Конфискацијата на замрзнатите средства од страна на ЕУ може да биде оправдување за војна
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, изјави дека ако Европската Унија преземе замрзнати руски средства, Москва би можела да го смета тоа за чин што ја оправдува војната.
„Ако лудата Европска Унија сè уште се обидува да украде руски средства замрзнати во Белгија под маската на таканаречен заем за репарации, Русија би можела да го смета овој потег за casus belli со сите релевантни импликации за Брисел и поединечните земји од ЕУ“, рече Медведев.
Европската комисија вчера предложи без преседан начин на користење на замрзнатите руски средства или меѓународно задолжување за да се соберат 90 милијарди евра (105 милијарди долари) за Украина за покривање на нејзините нестабилни воени и основни услуги.
фото/ЕПА

