Македонија
(Видео) Пендиков пак се пожали, адвокатот водеше борба да не се одговори дали со тепачот се знаат од порано
Новопечениот Бугарин, Христијан Пендиков, се чувствува загрозено, нема да бара обезбедување од МВР, но не одговори на прашањето дали со обвинетиот Илија Спасески, за кој тврди дека го натепал, се знае од претходно, како и дали причините за тепачката се нерасчистени односи од порано. Пред медиумите одново се пожали кога беше прашан какви закани добива. Истовремено, тврди дека престојува нормално во Македонија, со надеж дека нема да биде убиен.
„Се чувствувам загрозено. Добивам закани на социјални мрежи – ‘Месенџер’, ‘Инстаграм’. На коментари си читаме закани кај што сакаат да нè убијат. Не се чувствувам добро. Пријавено е во полиција пред неколку месеци и сега пак неодамна. Редовно си пријавуваме. Пријавено е во ОБСЕ, секаде“.
На прашањето како престојува во Македонија ако добива закани, тој одговори: „Престојувам нормално, со надеж дека нема да нè убијат следниот пат“.
Со оглед дека во Бугарија доби обезбедување, а во Македонија се шета без заштита, тој одговори и дали ќе побара заштита од МВР: „Се надевам дека одиме нанапред, дека имаме поотворено мислење, не треба да се тепаме поради некакво национално чувство. Се случи инцидент, се надевам дека нема да се повтори за никого. Не е убаво никој да е тепан и омаловажуван поради национално чувство“.
Адвокатот Стефан Камишевски не му дозволи на Пендиков да одговори дали се точни шпекулациите оти тој не бил претепан поради неговото бугарско чувство, туку поради нарушени односи од претходно.
„Јас ќе му одговарам на тоа прашање, се извинувам“, реагира адвокатот.
На барањето да дозволи прашањето да го одговори самиот Пендиков, адвокатот рече: „Јас не можам да ви дозволам бидејќи таквите факти се факти што треба да се утврдат во една законски уредена судска постапка“.
И покрај инсистирањето, Пендиков да одговори дали се знае со обвинетиот Илија Спасески, адвокатот не дозволи.
„Јас ви одговарам“, рече адвокатот, па прашан дали Пендиков и Спасески се знаат, додаде: „Може ли да ми дозволите да одговорам? Дали се знае или не се знае на таа околност, Пендиков даде одговор во Обвинителството и ќе даде одговор пред судот во постапката кога ќе биде сослушан во својство на оштетен“.
Наместо одговори на другите отворени прашања за тепачката што прерасна во дипломатска кавга, адвокатот на Пендиков рече дека за познанството ќе се чуе во судница, па со изговор дека неговиот клиент мора да замине за Софија, ја прекина изјавата.
„Сега јас ви благодарам, Пендиков мора да се врати назад денес во Софија бидејќи сè уште му трае лекувањето и повредите не му се заздравени. Ви благодарам“, рече адвокатот.
Судењето се одложи поради отсуство на обвинетиот, кој со документација од доктор докажа дека е болен, а судијата Бојан Мартиноски му подари верба.
Охридското Обвинителството поднесе обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. Тој се бранел со молчење во текот на истражната постапка.
„На 19 јануари во кафе-бар во Охрид обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон своето возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со рацете и нозете по главата и телото нанесувајќи му тешки телесни повреди. Во текот на истражната постапка сега обвинетиот се бранеше со молчење, но сите околности беа проверени и потврдени со изјави на сведоци на настанот и со обезбедените снимки од видеонадзорот“, соопшти Обвинителството кога го поднесе обвинителниот акт.
Тепачката се случи на почетокот на јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зелен хуман град: Државата ни е заробена од недопирливи функционери што си носaт криминални закони
Актуелнава власт си донела нов закон за инспекциски надзор и тоа по скратена постапка кој почна да се применува од 1 јануари годинава. Нема повеќе дури ни про форма можност да се одземе овластување на инспектор од независна институција. Сега никој ништо не им може дури ни законски, реагираат од граѓанската иницијатива Зелен хуман град.
Како што истакнуваат, за одземање на овластувањата на инспектор е задолжено раководното лице на институцијата.
Според нив истото раководно лице од кое инспекторот добива насоки за работа.
„Што значи од една страна заштита и неказнивост за „подобните“, а од друга страна изложеност на „неподобните“ инспектори на политички реваншизам и мобинг.
Иако 18 пратеници гласале против, а 17 воопшто не гласале, никој не алармирал јавно за ова катастрофално уназадување во клучна сфера што има силно влијание врз нашите животи – одговорното и професионално спроведување независен инспекциски надзор“.
Да се потсетиме како изгледа инспекција во пракса: Случај Тораница,
директорката на ДИЖС јавно признава дека инспекторатот постапил незаконски со неземање мостри на денот на хаваријата зашто ,,се гледало дека има хаварија, не требало таа со мостри да се докажува”.
Случај Усје, истата директорка јавно убедува дека ниеден од најавените надзори во Усје не констатирал загадување над дозволеното.
Од Зелен хуман грда оценуваат дека неказнивоста, прикривањето криминал и крајната некомпетентност на лица на функции нè чинат животи.
„Моќта да се носат одлуки во име на колективот не смее да ја имаат функционери што се дел од мрежи што прикриваат криминал, релативизираат хаварии и ни продаваат „законитост“, а притоа трујат вода, воздух и луѓе преку систем што е наменски дизајниран за легално избегнување одговорност на лица на функции што ни ги загрозуваат животите на дневна основа“.
Македонија
Андоновски: Заложба на оваа Влада е да биде транспарентна и отворена
Министерството за дигитална трансформација во соработка со Фондацијата Метаморфозис, денес одржаа јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор, со цел да се унапреди систематското објавување и користење на јавните податоци.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека транспарентноста и отвореноста се јасна заложба на Владата.
„Нешто што е заложба на оваа Влада е да биде транспарентна, отворена, да објавува информации што се важни за граѓаните, но не секогаш само за соопштенија, закони и одлуки, туку и на ниво на тековни анализи, на документи до кои се стасува до работа во владините институции, но на еден систематски начин. И досега постоеше портал за отворени податоци Data.gov.mk, за жал, без многу голема употреба, а сега со овој закон мислиме дека ќе ги расчистиме правилата и начините како да се стигне до отворените податоци, како државните институции треба да ги објавуваат и како и на кој начон може да се користат“, изјави Андоновски
Министерот информираше и дека МДТ направило значајна техничка модернизација на порталот, а во рамки на унапредувањата, беше промовиран и ВИ чат-бот интегриран со порталот, развиен во соработка со Македонски Телеком и со ангажман на волонтери од Министерството, кој треба да им помогне на граѓаните полесно да стигнат до потребните информации.
„Променет е и оперативниот систем на кој работеше, целосно бекенд надградба што се случи затоа што сите екстензии биле направени одамна со странска поддршка, но никогаш не биле надградени. Сега имаме нов, современ портал за отворени податоци, лесно достапен, а во соработка со Македонски Телеком и нашите волонтери од Министерството, за прв пат имаме чат-бот кој користи вештачка интелигенција и кој на лесен начин ќе може да им помогне на граѓаните, заинтересираните, здруженијата, лесно да дојдат да дојдат до податоците, без да мора сами да пребаруваат низ множества податоци, туку со едноставни промптови да стигнат до информациите кои им се потребни“, рече министерот за дигитална трансформација.
Тој додаде дека има нацрт-текст за овој закон кој е потребен за зголемување на транспарентноста и користење на податоците, но, како што нагласи, тој текст не е врежан во камен и затоа изрази подготвеност да биде променет и подобрен доколку заинтересираните сметаат дека за тоа има потреба.
„Овој текст на закон е во насока полесно да се стаса до информациите кои се важни за невладинте организации и граѓаните, а исто така ги обврзува институциите да ги споделат овие информации со нив“ рече министерот Андоновски во изјава по воведните обраќања на настанот.
Исто така, посочи дека се подготвува и техничка надградба на самиот портал Data.gov.mk.
„Тоа ќе овозможи тој да ги влече по автоматизам податоците да не треба некој одговорен во институцијата да ги објавува. Мислам дека кога ќе создадете висококвалитетни, огромни дата сетови тогаш и користењето ќе се зголеми, бидејќи во моментов таа е навистина многу мала“, истакна министерот за дигитална трансформација.
Нацрт законот е подготвен во рамки на усогласувањето со правото на Европската Унија и европските политики во оваа област.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Обвинителството е должно да постапува по секој еден случај во кој има сомнеж за корупција и криминал како оној со „Жан Митрев“
И покрај фактот што поминаа десеттина дена откако доктор Жан Митрев кажа јавно за намерите на Венко Филипче да ја преземе Клиничката болница која тој ја води, молк од Филипче, но молк и од надлежните институции како Јавното Обвинителство, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Јавното Обвинителство, кажа тој, има повеќе од доволно информации врз чија основа може да покрене постапка.
„Овде пред Јавното Обвинителство, ќе повториме кратко за што станува збор.
Очигледно е дека планот за преземањето на Клиничката болница од Филипче заедно со неговиот другар Зоран Заев и тогашен премиер, било добро планирано.
Филипче и Заев ги применувале за нив добро познатите техники како изнуда, притисоци, а ветувале и дека ќе влијаат во судската постапка во која страна е доктор Жан Митрев.
Планот, евидентно дека не поминал но и добро е што не поминал, бидејќи планот на Филипче вклучувал и еден вид на приватизација на јавни пари или пари на граѓаните.
Како? На тој начин што Филипче ја зголемил сумата од ФЗО која се префрла кој болницата, или сумата во 2020 година достигнала околу 11 милиони евра, што е скоро дупло за разлика од сумата која е одвоена за болницата во 2015 година“.
Многу едноставно вели Петрушевски, Филипче ја зголемувал сумата која се префрла од ФЗО кон Клиничката болница, а истата сакал да ја преземе за багателна цена.
„За тоа што Филипче не сака да одговори во јавност, му судат граѓаните на избори.
Но, Јавното Обвинителство е должно да го испита секој случај во кој постои барем и мал сомнеж за криминал и корупција.
Затоа денеска уште еднаш го повикуваме Јавното Обвинителство да ги разгледа информациите и да потстапува“.

